Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година
Агровести

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Објавено 14/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цената на европскиот природен гас денеска нагло порасна поради загриженоста во снабдувањето што произлегува од прекините во испораката од производствените области во Персискиот Залив, јави ДПА.

Фјучерсите за природниот гас TTF за испорака за следниот месец денеска во раното тргување на берзата во Амстердам скокнаа за повеќе од пет отсто, достигнувајќи 83,75 евра за мегават час (MWh), што е највисокото ниво од крајот на 2022 година.

Инвеститорите, пренесува ДПА, се загрижени заради продолжениот прекин во снабдувањето со течен природен гас (LNG) од Блискиот Исток поради блокадата на Ормуската Теснина.

Дополнително, денеска е одложена средбата меѓу Иран и неколку земји од Заливот на која требаше да се разговара за ситуацијата во теснината.

„Поради необезбеден консензус регионалниот состанок закажан за утре во Салала е одложен. Остануваме посветени на поттикнување на дијалогот што ја поддржува стабилноста и трајната соработка во нашиот регион“, објави шефот на оманската дипломатија, Бадр ал-Бусаиди, доцна синоќа на платформата Икс.

Првичниот план наводно бил Иран и Оман да презентираат договор на состанокот во врска со застојот во конфликтот околу Ормуската Теснина.

Европската цена на гасот оваа година е зголемена речиси за три пати, без крај на кризата во Иран и поврзаните ограничувања на снабдувањето со енергија. Европските земји, исто така, се под временски притисок да ги надополнат своите ниски резерви на гас пред почетокот на зимата, потсетува ДПА.

МИА

Може да ви се допадне

Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, го штитиме стандардот на граѓаните
Вториот протест на градинарите со блокада на патот Прилеп – Битола
Петнаесет денари за килограм пиперка ајварка не е откупна цена, туку загуба и понижување на нашиот труд – реакција на земјоделците од Пелагонија
Активен пожарот во с. Иванковци, Велешко, под контрола пожарот во Дабова Дупка кај Јасен и во Белица
АФПЗРР ја објави ранг листата на баратели од Јавниот повик бр.01/2025 за Мерка 1 од ИПАРД 3
Таг:2022 годинаевропскиот гасцените
Претходен напис Вториот протест на градинарите со блокада на патот Прилеп – Битола
Следен напис Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, го штитиме стандардот на граѓаните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?