Агенцијата за храна и ветеринарство ги испочитува сите потребни административни и законски процедури, вклучително и добивањето позитивно мислење од Европската комисија за спроведување на вакцинацијата, одобрувањето на Планот за итна вакцинација на целата територија на државата од страна на Европската комисија, како и потврда за последиците од вакцинацијата, преводот на потребната документација, обезбедувањето одобренија за увоз, како и спроведувањето на сите неопходни царински процедури. Вакцините се очекува да бидат испорачани од страна на турската компанија наскоро, и притоа истото не зависи ниту од Агенцијата ниту од Министерството. Во моментов се привршуваат активностите за земање примероци за испитување на бруцелоза кај овците и козите.
Веднаш по пристигнувањето на вакцините ќе започне спроведувањето на итната вакцинација согласно одобрениот план за вакцинација, во координација со надлежните ветеринарни служби, со цел заштита на здравјето на животните и спречување на понатамошното ширење на болеста. Сточарите за истото беа информирани уште пред 2 месеци, како и на претходниот состанок одржан во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, дека се чека одговор од Европската комисија да не се добие забрана за извоз на јагнешко месо во ЕУ. Агенцијата ги информира сточарите да се придржуваат на биосигурносните мерки и навремено информирање за секоја промена на епидемиолошката состојба во одгледувалиштето.
АХВ
