Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ДЗР ја пофали Развојната банка за распределбата на 250 милиони евра од кредитите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ДЗР ја пофали Развојната банка за распределбата на 250 милиони евра од кредитите
Агровести

ДЗР ја пофали Развојната банка за распределбата на 250 милиони евра од кредитите

Објавено 29/10/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на усогласеност на тема „Кредитна линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва со средства од Договорот за задолжување од Буџет на Република Северна Македонија“ за одобрени кредити во период од јануари 2025 до февруари 2026 година.

Кредитната линија во износ од 250 милиони евра во денарска противвредност, воспоставена преку заедничка соработка на Владата, Министерството за финансии и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, се операционализира преку дванаесет комерцијални банки-учеснички.

Врз основа на обезбедените докази, добиено е разумно уверување за изразување на позитивен заклучок дека активностите на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, во однос на правната рамка и управувањето со средствата од оваа кредитна линија, се во согласност во сите материјални аспекти со применетата релевантна законска и подзаконска регулатива, интерни акти и договори.

Поддршката се доделува под поволни економски услови и тоа:
– максимален износ до 10 милиони евра по корисник;
– рок на отплата до 15 години со вклучен грејс период до 3 години;
– фиксна каматна стапка од 1,95%, без дополнителни надоместоци за одобрување и управување,
– со сопствено учество на компаниите од минимум 20% од вредноста на инвестицијата.

- Реклама -
Ad image

Во рамките на ревизијата, извршена е проверка на 123 развојни проекти со вредност од 7.334.103 илјади денари, што опфаќа 52% од вкупно повлечените средства до февруари 2026 година, кои изнесуваат 14.080.298 илјади денари. Инвестицискиот циклус продолжи со позитивна динамика и во периодот март-април 2026 година, кога се одобрени средства за нови 15 проекти во износ од 167.638 илјади денари.

Во структурата на одобрените 767 проекти со вкупен износ од 14.256.936 илјади денари, малите претпријатија ја предводат листата по масовност со одобрени 455 проекти (59% учество) во вредност од 3.565.574 илјади денари (25% финансиски удел).

Анализирано од вредносен аспект, најголем дел од одобрените средства е концентриран кај големите субјекти, каде за реализација на 94 проекти (12% од вкупниот број проекти) се одобрени кредити во износ од 4.720.384 илјади денари, што претставува 33% процентуално учество во вкупната вредност.

Кај средните субјекти одобрени се 171 проект (22% учество) со финансиски износ од 4.606.378 илјади денари или 32% од вкупно одобрените средства, додека за микро субјектите се наменети 47 проекти со износ од 1.364.600 илјади денари, што зазема учество од 10% во вкупната структура.

Распределбата по дејности покажува силен развоен карактер, каде примарниот фокус е ставен на домашното производство со 281 одобрен проект во износ од 6.292.415 илјади денари, односно дури 44% од вкупната кредитна маса.

Секторот трговија апсорбирал 3.499.227 илјади денари преку 194 проекти односно (25%) од средствата, транспортот учествува со 129 проекти во вредност од 1.451.457 илјади денари односно (10%) од средствата, градежништвото со 63 проекти во вредност од 988.498 илјади денари односно (7%) од средствата, угостителството и хотелиерството со 37 проекти во износ од 852.327 илјади денари односно (6%) одсредствата, а за останатите економски дејности се евидентирани 63 проекти со вкупна вредност од 1.173.012 илјади денари односно (8%) од средствата.

Aнализирано според намената на инвестициите, компаниите покажале долгорочна развојна ориентација: најголем дел или 46% од средствата (6.624.874 илјади денари) се вложени во градежни објекти, 39% (5.478.364 илјади денари) се искористени за современа опрема, 11% (1.599.280 илјади денари) се насочени кон транзиција кон обновливи извори на енергија, а преостанатите 4% (545.418 илјади денари) се наменети за обнова на транспортни средства.

 Државен завод за ревизија

Извор: nezavisen.mk

Може да ви се допадне

Демант на наводите на претседател на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“
АХВ: Во Радовиш и Пепелиште одземени околу два тона месо и производи од месо
Министерот Серафимовски на средба со претставници на Делегацијата на Европската Унија
Хоџа на Balkan Summit 2026: Во фокусот управувањето со водите, земјоделскиот извоз и инвестициите
АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше
Таг:250 милиони евраДЗРкредититеРазвојната банка
Претходен напис Демант на наводите на претседател на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?