Овоштарство, вишни, органско производство? Неодржливо е, ќе се корне овоштарникот. ЕУ фондови?! Какви пари, нема леб без мотика-е дел од она што барајќи совети, го сослушал Томислав Харчани, сопственик на Агро ХАХА, и земјоделски трговец. Сега тој сака да покаже и докаже преку својот сопстевн пример.
Не е важен резултатот, важно е играта. Мора да биде ха-ха. Нема ,,беше,,- туку ,, сега,,- вели Томислав Харчани, сопственик на „Агро ХАХА“, трговија со земјоделство кој, на свој пример, сака да покаже и докаже дека земјоделството е прекрасен бизнис за живеење и дека европските фондови се многу достапни за секого.
За разлика од она што тој го доживеал како млад земјоделец, барајќи совети и помош, тој е решен да ги промени работите. Да се олесни патот за другите и да се намали негативниот поглед на оваа гранка од економијата.
За жал, во земјоделството сè уште не сум запознал некој што би ми кажал браво.. Чудно е тоа, обично кога доаѓате кај некој и сте заинтересирани за неговата дејност, тој ќе ви ја фали, ќе ве праша што ве интересира. Но, во овој сектор, со кој и да разговарав, имаше мафтање со раката. Овоштарство , вишни , органско производство? Не е одржливо, ќе го корнеш овоштарникот, нема пари таму. Кога слушнав за европски фондови, кој и да прашав беше „ајде, ти ќе ни кажуваш, не ни соли памет, што знаеш ти , ние сме тука 100 години, ќе собереш се ’и ќе заминеш’ за неколку години, нема леб без мотика.” ,,Беше тоа весел почеток, јас бев обесхрабрен апсолутно од сите страни“, се сеќава тој на почетоците кога решил да го замени дигиталниот свет и комуникацискиот бизнис со земјоделството.
Од дигиталниот свет до – трактор
Овој Ѓаковичанин, кој тогаш бил вработен во Осијек, сопруг и татко на четири деца, не се обесхабрил и во 2014 година се преселил со семејството во малото село Кучанци Ѓаковачки со идеја да го искористи она што го наследил од неговиот татко. Тоа беше, рече тој, премин од дигиталниот свет до – трактор.
Обично луѓето растат со земјоделството но ретко кој на начин како мене. Татко ми се занимаваше со земјоделство, но повеќе како хоби затоа што беше професор во средно училиште. Тој наследил трактор и земја, работел земјоделство извесно време, а потоа ја изнајмил земјата, а кога почнаа капиталните инвестиции за повеќегодишни насади, тој подигна овоштрник со вишни. Значи, имав контакт со земјоделството, бев на трактор, но „без мозок“. Седите и возите како дете “, се смее тој.
Овоштарникот со вишни од од 2,5 хектари го превзел во 2015 година кога ја регистрирал својата фирма ХАХА и кога од конвенционалното преминал на еко-производство. За Програмата за рурален развој слушнал случајно, и тоа за подмерката 6.3, но крајниот рок за пријавување бил краток. “Отидов кај книговодителот и тој ме прашува: ги виде ли овие 15 000 евра? Реков дека сум видел, но не стигнав да аплицирам. Тој ме праша, а ги виде ли овие 50.000? Има некој , оглас прочитај си”, открива како започна неговата приказна со пријавување на повици од Програмата за рурален развој.
Дотогаш, признава тој, дури и не знаел дека има консултанти. “Тоа беше странски збор за мене. Во основа, го прочитав правилникот на под-мерката 6.1.” Помош на младите земјоделци “и од него се е јасно како ден, добивам пари100% , млад сум, еко-производство, локална единица која е значително неразвиена”, ја опишува својата прва апликација и тоа на повикот 6.1.1. уште во 2015 година. Парите ги вложил во трактор, приколка за ѓубриво и мелница. Само тракторот го чинеше 40 000 евра, а во планираната инвестиција вложил малку и од своите пари.
Какви евра од Европа и кој ќе ти даде 50 000?
„Кога им кажав на луѓето за тоа, ми велеа дека зборувам глупости. Какви евра од Европа и кој ќе ми даде 50 000 евра?! Покрај тоа, во тоа време се појави една серија за Викинзите, што ми беше многу интересна. Долга коса, избричена од страните со некоја плетенка.Тоа беше спектакл – изгледа чудно, дојде од градот, не знае скоро ништо за земјоделството, промовира еко и уште раскажува приказни за добивање на некакви пари “, се сеќава Томислав, кој исто така ги советувал постарите да им ја отстапат фармата на децата и ги искористат овие средства, но не го сфаќаа сериозно. Напротив, тие се спротивставуваа на тоа.
Откако успешно поминал, тој исто така аплицирал за подмерката 4.1.1, но за жал таму не поминал. Му недостигал еден бод. Потоа аплицирал за под-мерката-6.2. „Поддршка за инвестирање во промовирање на неземјоделски активности во руралните области“, односно мерка 6.2.1., Повторно добил стредства и тоа 50.000 евра.
Реално, и пред да купам нов, имав еден стар трактор што го купил дедо ми во 1976 година, што беше доволно за мене, но си реков дека ќе ја работам оваа работа со години, ако не професионално, барем од хоби и нема смисла да работам со механизација стара 40 години. И повторно прашањето: што ќе ми е трактор од 100 коњи за пет хектари ?! Но, решив да започнам со услуги. Сфатив дека можам брзо да ги обработувам многу поголеми површини и тоа услужно се додека не ги зголемам сопсвенте. Исто така купив и друга механизација односно сè што видов дека можам да го употребувам “, објаснува тој.
Тој ја заокружува целата сторија и става акцент на „и“ кога станува збор за инвестиции во производствто, со нова апликација на повикот за мерката 4.1.1. „Преструктуирање, модернизирање и зголемување на конкурентноста на фармите“. „Станува збор за одгледување насади од лешници и реконструкција на старите насади па и купување нов трактор – поврат на средства од 70%, на инвестициска вредност од над 1 милион Куни. Накратко , подигам насади дел од старите ги корнам , садам нови лешници и ги зголемувам површините за нови 5 хектари.” –вака ги опишува своите планови додвајќи дека поради тоа што ја искористил мерката 4 морал да регистрира обрт на средства па неговата фирма ХАХА стана Агро ХАХА, трговија со земјоделство.
Започна во три насоки – производство, преработка и услуги
“Смислив дури и наслов за книга за вишните – реков дека ќе ја напишам еднаш. Имаше вистинска напнатост. Од чекање за плаќање и откажување на нарачки па дури до таму што минатата година поради временските услови ми пропадна целокупниот род. Сосема негативна позадина, но позитивно е тоа што учиш како да се соочиш со некои работи, влегуваш во тој некој свет на возрасните, апсолутно си незаштитен, се бориш да продолжиш и повеќето тука се откажуваат. Си реков дека ќе одам до крај па што и да е. “, вели Томислав, додавајќи дека се чувствува како некоја виша сила му кажува дека не треба да заработува пари од вишни.
„Ако заработував пари од нешто друго, и ова го правев од хоби ќе беше во ред, но, сега започнав во три насоки – производство на вишни и лешници, преработка на вишни во ликери и вино и обезбедување на услуги. Ми претстои период на созревање- да видам дали да се занимавам со преработка или услуги “, открива тој, додавајќи дека тој всушност„ избегал “во земјоделството. Работел во комуникацискиот систем, и му дошло прекуглава од разговори, приказни форми на капитализам каде имате „цели“.”
“Стана тешко и остави траги, некои позитивни, некои негативни. Јас се фокусирам на позитивите – научив да го одврзувам јазикот. Обично молчев и се повлекував, не иницирав разговор. Ако молчите, ќе останеме тивки цел ден “, се смее Томислав и продолжува да следи за да разбере што постигнал и каде да оди понатаму.
“Многу е направено. Јас не го направив тоа сам, тоа беше овозможено преку моето семејство. Сè доаѓаше преку семејството. Моите родители ми помагаа секогаш кога ми требаше нешто. Моето семејство, сопругата и моите четири деца – поради нив ова го правам. Одлучив да се занимавам со земјоделство за да можам да бидам со нив. Но морав да ја напуштам работата од 9 до 18 часот. Мојот син беше болен неодамна, завршив пет дена во болница. Оставив сè и бев со него. Можев да одам на педијатрија и лежев со него опуштено 5,6 дена. “, вели Томислав, кој има само 27 години, но искуство што го немат и многу постари луѓе.”
Еко приказната е е приказна за ХАХА
Покрај успешно поминување на повиците за мерките 4 и 6, Томислав е, и еко-производител и корисник на (IAKS) мерката 11. Поточно, напод-мерката 11.2. “Плаќања за одржување на практики и методи на органско земјоделство”
“Тоа е приказна за ХАХА. Мора да е ха-ха бидејќи конвенционалното производство не беше. Сега веќе е ха-ха, имам еко производство што веќе се шири. Немам помалку работа, но јас сум порелаксиран. Прихранувам повеќе од конвенционалното, но со средства кои се за зацврстување на растенијата. Не можам да уништм ништо, можам само да спречам. Ако некоја болест се појави, значи дека не сум ја спречил добро. Немате рокови, да прскате тогаш со овој па со оној препарат и нема период на повлекување, можам да прскам денот пред бербата затоа што не е токсичен – едноставно опуштено. Во еколошкото происводство овие средства се награда затоа што не можете да контролирате плевел на кој било друг начин. Тоа емотив повеќе за оние во конвенционалното, да престанат да користат хербициди, а кои упорно велат „ма не можат тие да ми платат за да одам и да се мачам“. Не ги интересираат приказни за уништување на земјиштето, за остатоци што никогаш не можат да се измијат, луѓето се кратко речено ограничени “, Томислав е тажен, но убеден дека ставовите ќе се променат.”
Со својата приказна и со својот личен пример, тој сака – не само да ги посочи придобивките од еко-производството, туку на многубројните можности што земјоделството има да ги понуди. А наместо со позитивно, младите се соочуваат со „тоа ништо не вреди“.
“Јас го префрлив фокусот од пари на семејство, да бидам со семејството, да живеам со семејството, да правам што сакам, да можам да престанам да работам ако не сакам. Сакам да ги мотивирам младите. Некој сака да копа, некој сака да седи во трактор, јас сакам да шетам со камерата. Во земјоделството, можете да работите на маркетинг, да правите промоција за другите … Има широк спектар на активности. Се гледам како застапник на некои фирми за земјоделски машини. Сакам да покажам со кои проблеми јас се соочив. Јас барам модел за тоа како да им го олеснам на другите. Младите се запознаваат со земјоделството целиот свој живот Некој ми рече дека не постои млад земјоделец – тој млад човек станува вистински земјоделец кога неговиот татко ќе излеза од бизнисот. Млад земјоделец е на возраст од 40 години. Има вистина и во тоа “, објаснува тој.
На децата треба да им пренесуваме позитивизам
Колку малку знаеше на почетокот можеби е најдобро опишано со ситуацијата со пукањето на карданот на тракторот. Откако купил неколку нови (затоа што голем дел од нив биле скршени), продавачот го прашал како тоа да кај сите се во ред само кај него пукаат . И потоа му го поставил клучното прашање: Дали подмачкуваш?
Имаше многу случувања:,,Минатата година со вишните беше леле мајко. Но, успехот ми е поголем затоа што успеав ова да проживеам на начин на кој не пропаднав, не заминав, и не истрчав со зборовите дека ништо не вреди. Менталната стабилност што ја достигнувате преку предизвикот вреди повеќе од 10, или 20 илјади евра. Парите доаѓаат и одат, а она што останува е карактерот и позитивата што треба да им ја пренесете на децата, а тука според мое мислење подклекнале сите земјоделци. Тие не успеале да се изборат со неизвесноста, на сите начини младите ги обесхрабруваа. Можат да обработуваат 10-15 хектари, со колку пари зависи од нив. Постојат многу фактори, најголемиот на кој што не можете да влијаете е времето, сè друго е решливо “, заклучува Томислав.
Извор :Агроклуб.рс
Напишете коментар