Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во изолација порасна побарувачката на овошје и зеленчук, фрлањето на храна намалено.
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во изолација порасна побарувачката на овошје и зеленчук, фрлањето на храна намалено.
МагазинПазари

Во изолација порасна побарувачката на овошје и зеленчук, фрлањето на храна намалено.

Објавено 15/05/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Универзитетот Антверпен спроведе анкета меѓу потрошувачите во 11 земји. Резултатите покажуваат дека тие луѓе во текот на пандемијата се хранеле поздраво од предходно.

Потрошувачите во делови од светот во време на пандемијата ја намалиле потрошувачката на готови јадења и се свртеле кон купување на поздрави продукти како што се овошје и зеленчук, покажале прелиминарните резултати од меѓународната студија, пишува, New York Times.

Во домашна изолација луѓето пробуваа нови рецепти и фрлаа многу помалку храна од вообичаено, се гледа од резултатите на меѓународната анкета која беше спроведена на околу 11.000 купувачи ширум светот во 11 земји – Австралија, Белгија, Чиле, Уганда, Холандија, Франција, Австрија, Канада, Ирска и Бразил.

– „Изолацијата ги натера луѓето да јадат поздраво и дома ги приготвуваат своите оброци. Се зголемила и консумацијата на овошје и зеленчук, изјави координаторката на студијата Шарлот Де Бекер “, научник која ги проучува меѓучовечките односи на Универзитетот Антверпен во Белгија.

Кога ширум светот се затворија корпорациите и канцелариите, потрошувачите во сите анкетирани земји престанаа да купуваат готова храна која се подгрева во микробранова печка.

– „Наместо грицки, ресторани и достава, се свртевме кон готвење. Изгубив четири килограми и се гордеам со тоа “, изјави Фирен, која живее во Брисел а е по потекло од Азербејџан.

Зголемена свест за здрава исхрана

Во скоро половина од вклучените држави во анкетата, помалку се купувале солени и слатки грисини, но нивната севкупна продажба во текот на пандемијата останала стабилна.   

– „ Иако истражувањата покажуваат дека консумацијата на солени, слатки и мрсни производи расте кога се луѓето соочени со стрес, во текот на пандемијата тие се заменети со слатки од домашната кујна “, вели Де Бекер која воедно е и водач на FOOMS, група која се занимава со истражување на храна и медии во Универзитетот во Антверпен. –

Во Чиле исто така продажбата на грицки значително опаднала, а истовремено е забележан најголем пораст на продажба на брашно и кавсец. Консумацијата на месо, риба и алкохолни пијалоци во текот на пандемијата останала стабилна.

Анкетата е спроведена од 17 април до 7 мај на основа на доброволно онлајн испитување. Околу 6700 испитаници се од Белгија. Студијата наскоро ќе биде проширена на вкупно 25 земји а конечните резултати ќе се знаат до крајот на јуни.

Де Бекер додава и дека се очекува трендовите кои ги покажале прелиминарните резултати да не се променат премногу кога ќе се прошири студијата, бидејќи е видливо дека поради пандемијата е зголемена свеста за здрава исхрана.

Тоа покажува и примерот на Мјуриел Бернард, сопственик на белгиска онлајн продавница за органска храна eFarmz која мораше скоро да го удвои бројот на своите вработени за да се задоволи побарувачката на пазарот за органски производи. Зголемување на продажбата утврдиле само неколку дена по изолацијата.

Некои земјоделци бележат загуби

Во сите земји во кои е спроведена анкетата забележан е пораст на купување на свежо, конзервирано и замрзнато овошје и зеленчук. Де Бакер смета дека тоа е поради зголемената грижа за здравјето. За тоа придонелсло и паметното купување бидејќи купувачите морале внимателно да го испланираат времето поминато во супермаркетот.

– „Ако пред да одите на купување направите список, помалку веријатно е дека ќе посегнете по нездрави продукти “, изјавила Де Бекер за New York.

Учесниците во анкетата , во поголем број биле жени, кои во време на изолација испробувале нови рецепти, а остатоците од храна ги користеле за подготовка на оброци за истиот ден, што го намали трендот на фрлање на храна.

Сето тоа е поврзано со стравот од недостиг на залихи од храна, смета Де Бекер и веројатно ќе исчезне тогаш кога полиците во маркетите веќе нема да бидат полупразни. Сепак, таа смета дека некои навики кои ги усвоивме во пандемијата ќе се задржат и кога ќе помине кризниот период. Во многу земји карантинот траеше подолго од шест нендели што е сосема доволен период за стекнување на нови навики.

Истовремено, луѓето станаа посамоуверени во своите кулинарски вештини па ќе продолжат да готват и кога се ова ќе заврши, вели Де Бекер.

Од друга страна, некои земјоделци бележат загуби предизвикани од затворање на рестораните. Од таа причина падна и побарувачката за производи како што се печурки и салати, заклучила фирмата Freshfel Europe, која го претставува европскиот сектор на свежи производи чиј годишен промет се проценува на 200 милијарди евра.  

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:Зголемена побарувачка на овошје и зеленчукздрава хрананамалено фрлањето на храна полсе корона вирусот
Претходен напис Продолжува мачното и спарно време
Следен напис Зошто е важно загрнувањето на компирот?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?