Фокачата со печени домати е совршена комбинација од крцкава и мека погача збогатена со сочни и слатки домати
Состојки:
- 300 мл млака вода
- 2 лажички сув квасец
- 2 лажици маслиново масло
- 500 грама брашно
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица сол
Прелив:
- 5 зрели домати
- 1 зелена пиперка (или лута пиперка)
- 1 главица црвен кромид
- Сол, бибер, оригано
- 3–4 лажици маслиново масло
Подготовка:
Замесете го тестото од наведените состојки и оставете го да нарасне околу 30 минути. Додека тестото нараснува, измијте го зеленчукот, исецкајте го на покрупно и пропржете го на масло во тава, малку на омекне, потоа додадете ги зачините.
Откако тестото ќе нарасне, префрлете го во тава за печење претходно намастена со маргарин и развлечете го така што рабовите да бидат малку подигнати, како кај пита. Распоредете ја смесата од домати одозгора и израмнете ја со лажица. Печете во рерна на 180°C додека не добие златно-жолта боја – околу 35 минути. Исечете и послужете топло!
МИА
