Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кнедли со сливи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Кнедли со сливи
Магазин

Кнедли со сливи

Објавено 25/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

и посипани со шеќер се едноставен, домашен и неодолив десерт.

Потребни состојки за кнедлите:

  • 1 кг компири
  • прстофат сол
  • 150 г брашно
  • 1 жолчка
  • малку масло, путер или маргарин – по желба


За полнење:

  • 20 зрели сливи


За валкање:

  • 100–150 г шеќер во прав
  • 150 г лебни трошки
  • 1-2 лажица путер
  • цимет


Подготовка:

Компирите излупете ги, исечете ги на парчиња, ставете ги во тенџере, прелијте ги со ладна вода и сварете ги додека омекнат. Сварените компири испасирајте ги додека се уште се топли и оставете ги малку да се изладат.

Во меѓувреме, извадете ги семките од сливите. Во изладените пасирани компири додајте ја жолчката, солта и брашното. Додавајте го брашното постепено. Тестото е лепливо, не треба да се додава повеќе брашно зошто ќе бидат тврди кога ќе се зготват. Од тестото земајте помали делови и со набрашнети раце развлечете ги на дланката. Во средината ставете една слива и внимателно затворете го тестото околу неа, обликувајќи топка.

Во поголемо тенџере ставете вода со малку сол и оставете ја да зоврие. Намалете ја температурата и внимателно спуштајте ги кнедлите во водата, не ставајте премногу, не треба да се допираат кога ќе се варат. Кога кнедлите ќе испливаат на површината, варете ги уште 1–2 минути, а потоа извадете ги со решеткаста лажица.

Во широка тава стопете путер и пропржете ги лебните трошки додека добијат златно-кафеава боја. Варените кнедли внимателно ставете ги во тавата со лебните трошки и нежно протресете ја тавата за убаво да се обложат. На крај, посипете ги со шеќер во прав и цимет, па послужете ги топли.

МИА

Може да ви се допадне

Крем салата од цвекло и пилешко
Фокача со печен домат
Австриски пекар отвори пекарница во Њујорк: Леб од ’рж и природен квасец се продава за 60 долари
Рамен со пилешко
Штрудла со јогурт и ореви
Таг:Кнедлисливи
Претходен напис ЦУК: Еден пожар на отворено под контрола, 17 изгаснати
Следен напис АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?