До крајот на денов времето во нашата држава ќе биде сончево, многу топло и спарно со умерена облачност. Локално повремено ќе има и малку повеќе облачност но без врнежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен и од југозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, многу топло и спарно со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 34 степени.
Потоа и во следните денови нашата територија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса која продира од југ. Времето ќе биде умерено, на некои места значително облачно.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 33 степени.
Во недела како и на почетокот од следната недела, во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

