Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Во Банско лутите пиперки носат благ профит
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > (ВИДЕО) Во Банско лутите пиперки носат благ профит
Предлог бизнис

(ВИДЕО) Во Банско лутите пиперки носат благ профит

Последна измена: 04/02/2020 17:01
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Со години наназад лутите пиперки на градинарите од селото Банско, Струмичко, во кое е лоцирана истоимената бања и познатиот хотел „Цар Самоил“, им носат благ профит. Лутите пиперки од сортата „фортес“ се заштитен знак на почетокот на секоја производствена сезона. Традиционално во средината на февруари почнува бербата, а градинарите, чии пластеници се поблиску до топлата вода, веќе го направија „сефтето“.

Главен виновник за раното производство е топлата вода, кој извира од ридот над бањата и со своите 72 степени Целзиусови им овозможува на градинарите секоја зима први на пазарите да вадат лути пиперки.

Почетната откупна цена од 6 денари за парче лута пиперка е повеќе од добра. Во пластениците на 36 годишниот Даме Тренчовски, распослани на околу 4,5 декари, масовно стасуваат лутите пиперки. Вели дека со работа почнува во ноември, семките ги расадува во декември во топлите леи, а во јануари расадот се пренесува во пластениците.

Даме Тренчовски

-Годинава очекувам повеќе производство. Имам засадено повеќе, се ширам што е најважно и тоа значи дека сум задоволен. Годинава одам со 4,5 декари што во споредба со лани е повеќе за 1,5 декари. Тоа значи зголемување и на вкупното производство, односно ако лани сум набрал еден милион парчиња, годинава очекувам двесте илјади повеќе, за Агротим вели Тренчовски.

Даме Тренчовски

Задоволен е од почетната откупна цена од 6 денари за парче и смета доколку се задржи ќе биде добро за сите проиводители. Смета дека годинава лесно може да се повтори ланската супер сезона за градинарите.

-Ланската сезона беше една од подобрите. Се надевам дека и оваа ќе биде добра, но и доколку биде како ланската ќе бидеме повеќе од задоволни. Моето мислење за успешната ланска сезона го делат и останатите градинари од Банско и не само тие, бидејќи освен со лутите пиперки многу добра поминаа и со благата пиперка и долгата краставица, ни рече Даме Тренчовски.

На муабетот со Даме ни се придружи и Шабан Сулејманов. Заедно со членови на неговото семјество ги подготвуваше пластениците за пиперки. И тој потврдува дека лани поминале одлично, а истото го очекува и од претстојната производствена сезона. Смета дека прв тест за сите ќе биде пролетната зелка и доколку таа помине добро како лани, тогаш земјоделците ќе можат да кажат дека и оваа сезона била супер.

Шабан Сулејманов и Даме Тренчовски

И младиот Исеин Фетиков очекува профитот и годинава да биде благ, ист како ланскиот. Ќе има производство поголемо од лани, а лутите и благите пиперки веќе се посеани, како и пролетната зелка.

Градинарите од Банско гарантираат за нивните пиперки дека се доволни лути за сите што сакаат и можат да ги јадат. Велат дека нивните пиперки не се екстремно лути како пиперката чили, но доволно се лути за да се почувствува нивната лутина на непцата.

Исеин Фетиков

Со берба на лутите пиперки завршуваат во август. Тогаш се продаваат на килограм и нема толкава зароботувачка како во март и април кога е шпицот на сезоната. По завршувањето на производството на лутата пиперка, повторно почнува циклусот на подготовки за новата реколта.

Тешко им е бидејќи работат во зима и тоа многу ги истоштува. Постојано дежураат до пумпите за топла вода за да не се случи дефект и доколку во пластеникот нема топлина тогаш лесно може целиот труд да отиде во неврат.

Сепак оптимизмот никогаш не ги напушта. Остануваат верни на традицијата први да ги отвораат пазарите со новата реколта од нивните пластеници. Не кријат дека им е добро и дека од година во година им се зголемува производството, а со тоа расте и нивната заработувчка, за која велат дека на почетокот е лута, но кога ќе влезе во џебот тогаш е блага.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома
Германци бегаат од оваа работа иако заработуваат 3.000 евра месечно: Се потешко е да се задржат и странските берачи
Како да направите печуркарник од просторија 4×4, кој има капацитет од 250 вреќи и што сè ќе ви биде потребно
Ивица Ѓорѓиевски: Пред 10 години родителите напуштија државна работи и од Скопје се преселивме во село, сега сме земјоделци и имаме се!
Марјанчо и Христина и нивниот земјоделски живот: 4 ха со тутун, 25 ха житарица, штала со крави и механизација за профитабилно производство
Таг:6 денарилутипарчепиеперкипринос
Претходен напис Две земји-членки на ЕУ го забрануваат мелењето на живи машки пилиња
Следен напис На иницијатива на градоначалникот, повик за распределба на земја до 3 ха во Лозово, предност да имаат тутунарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?