Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Две земји-членки на ЕУ го забрануваат мелењето на живи машки пилиња


Машките пилиња во индустријата за јајца се бескорисни за производителот, а најевтиниот начин за да се ослободат од нив е да ги фрлат. Но, пред тоа, тие мора да ги убијат, а тоа го прават претежно со мелење додека се живи.

Франција и Германија најавуваат дека ќе го забранат уништувањето на машките пилиња со мелење додека тие се уште се живи, бидејќи сметаат дека оваа практика е исклучително сурова.

Имено, во индустријата за производство на јајца, откако ќе се изведат пилињата, во зависност од тоа дали се машки или женски, тие продолжуваат понатаму на„обработка“. Ако пилето е женско, тоа ќе стане кокошка несилка, со одгледување во кафези. Во случај да е машко – не служи за ништо.

Тие не можат да несат јајца, а и не можат ниту да растат во тежина  со таква брзина како пилињата за тов. За производителот се бескорисни, а најевтиниот начин да се ослободат од нив е да ги фрлат.  Во индустријата за производство на јајца, ова најчесто се прави со ставање на штотуку изведените машки пилиња во машина што ги меле додека се уште живи. Овој процес се нарекува и мацерација.

 Индустријата за живина започна со одгледување на пилешки хибриди кои ќе служат за  производство на месо и  на јајца, така што едноставно нема потреба да се задржат машките хибриди. Пилињата се проверуваат веднаш по изведувањето и машките се одделуваат за мелење. Се проценува дека десетици милиони машки пилиња во земјите на ЕУ,  завршуваат на овој начин.

Швајцарија ја укина оваа пракса есента минатата година, 2019 година, и со тоа стана пионер во заштитата на живината во однос на другите земји членки на ЕУ. Наместо мелење, во Швајцарија машките пилиња се убиваат со  јаглерод диоксид. Во таа земја, секоја година се уништуваат околу три милиони машки пилиња, а повеќе од 50% од нив се преработуваат во добиточна храна.

Треба да се спомене дека покрај мелење и гушење со јаглерод диоксид, постои и друг метод за уништување  на машките пилиња – „кршење на вратот“. Анестезија не се користи ни при мелење ни при кршење на вратот.

Британските активисти за правата на животните исто така бараат да се забранат ваквите практики и во нивната земја. Треба што побрзо да се открие техниката за рано одредување на полот на пилињата пред тие да се изведат.

Што се однесува до  Франција и Германија,  во план е да се забрани колење на машки пилиња до крајот на 2021 година. Министерот за земјоделство на Франција и неговата германска колешка, работеа на донесувањето на забраната. „Време е да се заврши со мелењето машки пилиња. Франција и Германија треба да бидат водачи на Европа кога станува збор за ова прашање“, рече францускиот министер.

Во моментов не постои метода за одредување на полот на пилињата пред да се изведат, а во Франција веруваат дека таквата техника ќе се открие што е можно поскоро. Ова ќе им овозможи на производителите да го уништат јајцето пред да се изведат пилињата.

Извор:Агроклуб.рс

Фев 4, 2020agrotim2
Меѓународениот саем „Пчеларство 2020“ во Бугарија започнува на 6 февруари(ВИДЕО) Во Банско лутите пиперки носат благ профит

Напишете коментар Откажи одговор

04/02/2020 МагазинУништување на машките пилиња во ЕУ222

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019