Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Искуства: Од одгледување гоџи можат да се заработат 100.000 евра од 2.000 садници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (Видео) Искуства: Од одгледување гоџи можат да се заработат 100.000 евра од 2.000 садници
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(Видео) Искуства: Од одгледување гоџи можат да се заработат 100.000 евра од 2.000 садници

Објавено 16/12/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Чудесното растение гоџи, одамна им е познато на традиционалните лекари од Далечниот Исток. Иако е многу барано и профитабилно, малкумина производители го сфаќаат сериозно како лековито растение.

За ова извонредно растение за АгроТВ зборуваа двајца вистински производители, едниот на црвено, а другиот на црно гоџи бери. И Зоран Митровиќ и Љуба Јовановиќ влегле во работата со гоџи од лични, здравствени причини, а подоцна одгледувањето на гоџи им станало бизнис.

Плантажата на Зоран Митровиќ од Рума се наоѓа во близина на Ривица. На 10 хектари има околу стотина црвени тибетски гоџи грмушки.

Зоран Митровиќ

-Имав здравствени проблеми во 2010-2013 година и барав алтернатива во лекувањето. Наидов на текстови за гоџи, детално ја проучував целата работа и решив да набавам дваесетина садници за себе и за моите потреби. На земјоделската станица во Рума се изненадија кога ја донесов земјата за анализа и им спомнав дека ќе засадам гоџи. Кога тоа кај мене лично даде резултати, прерасна во семеен бизнис – вели Зоран Митровиќ.

Заработка и 100.000 евра

Плодот гоџи на Зоран помалку се продава свеж, а поголем дел во форма на преработени производи. Од црвениот гоџи, единствениот вид што можел да го добие на продажба во моментот кога ја правел плантажата, прави матичен сок и слатки.

-Од гледна точка на производителите може да се каже дека гоџи е комерцијално растение, затоа што ова овошје и производите од него не се евтини на пазарот – вели Зоран Митровиќ.

Ваквиот став со сериозни бројки го поддржува и Љубиша Јовановиќ, основачот на компанијата „Љуба и синови“ од Ниш.

Љубиша Јовановиќ

-Нема растение, освен гоџи, кое враќа сѐ што е вложено во првата година. Прво имаш килограм овошје по садница, а следниот ден веќе имаш три килограми и можеш да имаш добивка од 100.000 евра на 20 декари засадени со 2.000 садници – вели Јовановиќ.

Љубиша имал слични причини како и Зоран да влезе во овој „бизнис“.

-Пред десетина години се разболев од карцином. Увезов 200 килограми црвено овошје гоџи бери од Кина. Таа година се спасив и покрај што ги имав метастазите од рак. Кога видов како „функционира“ истата година, решив да побарам дозвола за производство на садници. Гоџито е полековито и од аронијата и од боровинката, дури и меѓу гоџи берито има разлики. Црното е дури 100 пати полековито од црвеното – објаснува Јовановиќ.

Ваквиот став со сериозни бројки го поддржува и Љубиша Јовановиќ.

-Покрај здравствените придобивки за купувачот, гоџи бери е добро и за производителот. Го нема во Европа, а оние кои сега се занимаваат со него во следните 20 години сигурно ќе бидат конкурентни на пазарот. Со црните гоџи имате висока профитабилност бидејќи на 10 декари може да имате 1.000 садници, а за што не ви требаат многу берачи – тврди Љубиша Јовановиќ.

Овие дрвенести грмушки на Запад се познати и како волчја бобинка. Гоџи бери е вистински резервоар на здравје и долго време се користи во традиционалната медицина во Кина, Јапонија и Кореја, како и во кујните на Далечниот Исток.
Популарен е поради неговите хранливи и лековити својства па затоа е вистински додаток во лекување со класичните лекови и најтешките болести.

Содржи 21 минерал, 18 аминокиселини и седум витамини. Затоа е добро за општото здравје, зајакнување на имунитетот, за исхрана на спортистите“ – вели Зоран Митровиќ.

Покрај плодот, корисни се и други делови од растението, како што се лисјата и ластарите, од кои се прави чај.

Како се одгледува гоџи погледнете во следното видео:

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:гоџи бери
Претходен напис Ладно цеденото масло од маслодајна репка на АГРО ФИЛА, корисно за силен имунитет, енергија и превенција од канцер
Следен напис СН Осигурителен брокер на „Денови на кариера“: „Земјоделскиот сектор допрва ќе отвора перспективи за младите кадри“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?