Семето од маслодајна репка почнало да се произведува во Европа во 13-тиот век. Таа станала доста популарна во Северна Америка во времето на Втората Светска војна како извор на подмачкување. Тогаш била помалку корисна како храна за животни или за луѓе, бидејќи има горчлив вкус поради високото ниво на глукозинолати.
Сортите денес се направени за да се намали содржината на глукозинолати, што ѝ дава поприфатлив вкус на репката и се богати со полинезаситени масни киселини (олеинска, линолна и линоленска). Семето содржи околу 40%-45% масти и околу 20%-23% протеини.

Семе од репка се одгледува за производство на растително масло за човечка исхрана, и биодизел. Откако се пресува семето и се отстранува маслото, останува висок протеински концентрат кој е многу добар за добиточна храна. Водечките производители на маслодајна репка се земјите во Европската унија, Канада, САД, Австралија, Кина и Индија. Во Индија, околу 13% од обработливите површини се одгледува маслодајна репка. Според Министерството за земјоделство на САД, семето од репка било трет водечки извор на растителни масла во светот во 2000 година, по сојата и палминивото масло, и втор светски водечки извор на протеински оброк, иако зазема само една петтина од производството на водечката соја.
Ладно цедено масло од маслодајна репка
Маслото од репка или канола масло доаѓа од црното семе од репка растението, Brassica napus, кое произведува сончево жолти цветови на пролет.
Ладно цеденото масло од репка го препорачуваат сите нутриционисти, поради неговите хранливи состојќи и нутритивни вредности. Со големата содржина на витамин Е, Омега-3, 6 и 9 тоа е одличен извор на есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот, бидејќи сам не може да ги произведе.
Витаминот Е ги штити нашите клетки и е одличен антиоксидант. Ова масло има поголема количина на Омега 3 отколку било кое друго масло. Омега-3 го намалува нивото на холестерол, помага при воспаленија и игра голема улога за подобрување на функцијата и развојот на мозокот. Маслото од репка содржи Омега-6 кој помага во намалување на нивото на холестерол во крвта, во одржувањето на здрава коса, нокти и кожа, како и во подобрување на имунолошкиот систем. Исто така содржи Омега-9 кој помага во развојот на мозокот кај неродените деца и има клучна улога во подобрување на имунитетот и како превенција за канцер.

Ладно цеденото масло од маслодајна репка е многу ценето во кулинарството. Погодно е за секаков вид готвење, пржење, печење итн. Тоа се должи на неговата висока точка на загревање.
Нарачајте онлајн http://e-shop.filla.com.mk/ или набавете го од подобро снабдените маркети во Македонија.
