Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Традиција сочувана од заборав – Плетење и изработка на накит на кумановски начин
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Традиција сочувана од заборав – Плетење и изработка на накит на кумановски начин
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Традиција сочувана од заборав – Плетење и изработка на накит на кумановски начин

Објавено 21/12/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Години наназад, рачните изработки биле поврзувани исклучиво со жените, кои со огромна љубов и волја, работеле во паузата од домашните обврски. Со оглед на тоа дека има бројни техникки на рачни изработки , жените со овие предмети ги украсувале своите домови, изработувале  облека за себе но и за своите најмили, создавале интересни подароци за блиски пријатели и роднини и сето тоа во духот на традиционалните вредности кои со себе имаат своја убавина и вредност. Најчесто работи со кои отсекогаш се занимавале жените се плетењето со две игли и волна и плетење со тенок конец и игла. За разлика од порано кога не можеше да се замисли една жена да не ги познава  техниките на плетење, денес за жените овие вештини представуваат дополнителна активност, хоби, начин за дополнителна заработка, а кај некои и одмор од стресното секојдневие. 

За Виолета Арсовска,член на Здружението на граѓани „Фубула Куманово“ од Куманово, плетењето е релекасација, одмор, начин да се одвои  време за себе и за својата креативност, а со тоа да се изработат интересни предмети проткаени со  инспирација и труд.

– Одлично е за опуштање, со плетењето всушност си давам време и на самата себе, многу жени кај нас во здружението се горди што се наши членки, затоа што плетењето им дава можност да заработат, се чувствуваат дека се корисни, имаат цел, им се враќа самодовербата и можноста да излезат од дома и да се тргнат од секојдневните обврски“, вели Виолета.

Здружението на граѓани ,,Фибула Куманово” од Куманово е регистрирано во 2007 година со цел да даде придонес во развојот на социјалната вклученост на  невработените жени  и нивна полесна интеграција во општеството.

-„Првите години  работевме стихијно, се експериментираше со многу техники и материјали, а паралелно се слушаше музика како еден вид  терапија за релаксација, па така жените опуштајќи се во своите креации, самостојно твореа. Со годините тие посетуваа и семинари за цртање на стакло, креирање на накит, правење филц, но најпрофитабилен и најуспешен ни стана семинарот за плетење од каде остваривме успешна соработка како Здружение на граѓани, со граѓаните од ранливите категории помагајќи ги со финансиски средства остварени од продажбата на нашите  уникатни производи.

Последните години се претставивме на многу саеми во земјава и странство, но продаваме и на плоштади, во просториите на здружението Фибула,но и на интернет. Материјалите кои ги користиме се природни, најчесто памук и  волна за облеката, додека за бижутеријата , користеме монистра, камен и  глинамол“, вели Арсовска.

Членовите на ова здружението ги зближила идејата да се промовираат традиционалните вредности како на пр: плетени џемпери, шалови, капи, чанти, ракавици, шешири, наметки, плетени украси за домот од тенок конец, везени предети, везени мотиви во рамки и т.н. Виолета смета дека рачните изработки заслужуваат многу поголемо внимание кај луѓето и дека се ќе биде поинаку кога ќе има поголем интерес за нив и ќе се знаат сите предности од носењето на природните материјали.

-„Материјалите ги набавуваме од Македонија, Србија и Бугарија, со прифатливи цени, плетеме со екловача или со две игли,  накитот го нижеме на жила за да стои поцврсто, а за израбтока на ѓердани, белегзии, брошеви и слично користеме уште и метал, бисер, пластика, конец, нитни, свила, дрво, кожа и друго. Заинтересираните се луѓе  кои ја сакаат и ја ценат рачната работа и уникатните производи и сакаат да имаат нешто поинакво, традиционално во кое е вткаен мирисот на минатото. Имаме заинтересирани кои сакаат предметите да им се изработуваат по мерка и по сопствена желба“, вели Арсовска.

За изработка на накит се користи задолжително конец, сајла или жица, а потребно е многу внимание  за да се нанижат монистрите на жицата, да се биде прецизен и да се има вкус при сложување на боите и сето тоа да биде прифатливо за окото на купувачот. Напливот на евтин накит од странство си го прави своето, но сепак тоа не може да се спореди со рачно изработениот накит и за среќа има девојки и жени кои тоа знаат да го вреднуваат и препознаат.

Таа посочува дека Фибула како организација соработува со многу други вакви сродни организации.

– „Чест ми е да ја истакнам долгогодишнта соработката со жените од Агровинка од Виница, кои несебично низ годините ни помагаа во градењето и развојот на нашите капацитети. За жал,  времето во  услови на пандемијата со Ковид19,  ни донесе разочарување во смисол да не сме во можност физички  да се сретнеме со месеци. Сепак опстојуваме правејки он – лајн состаноци, разменуваме идеи, концепти и правиме идни планови како да се подобриме како здружение, но и да помогнеме на оние на кои  помошта им е неопходна. Сакаме јавно да се заблагодариме на сите кои соработувале со нас, без разлика дали биле поединци или организации, сите биле и се, значајни за нас, имаме уште многу љубов за давање, многу стории нераскажани, но сепак продолжуваме да градиме мостови….

Среќни Празници, многу здравје и среќа, Ви посакува ФИБУЛА Куманово од Куманово“, порача за крај Виолета Арсовска.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:накитплетењерачна изработкаФибула- Куманово
Претходен напис Хрватска: Продажбата на вино е преполовена, но шансата на домашните производители е во руралниот туризам?
Следен напис Најдоброто шампањско на светот – Cristal Rose 2014
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?