На крајот на оваа година ретко некаде ќе се отвори шампањ, вино наменето за највеселите групни забави и големи празници. Но тоа не го спречи жирито на натпреварот Champagne & Sparkling Wine World Championship да го избере, најдобарото шампањ вино на светот. Тоа е Roederer Cristal Rose 2014 во магнум шише, еден од најпрестижните шампањи на легендарната винарија Louis Roederer, која оваа година дала се од себе за направи пијалок кој ќе се памети со генерации.

Винаријата Louis Roederer го опишува ова вино како врв на својата понуда.
– „Овој шампањ се прави само во текот на години на берба кога зрелите зрна на грозјето од сортите шардоне и пино ноар нудат единствена и прецизна рамнотежа која ја поистоветуваме со ова престижно вино. Roederer Cristal Rose 2014 е заводливо, силно и вкусно вино со многу весела содржина. Многу е современо по својата хармонија и начинот на кој веднаш ги освојува сетилата. Сепак, ова е пред се, класично вино од областа Шампањ во кој се сретнуваат свежина, енергија и минерален квалитет. Сите одлики на ова вино целосно и јасно се чувствуваат во него: бистрина, прецизност и единствен склад на вкусови кои ги поврзуваме со суптилната моќ што ја носат нашите лозја во најдобрите тероари на Шампањ – наведуваат во винаријата Louis Roederer за виното, кое ако воопшто може да се најде, чини околу 900 евра.
Извор: vinoifino.rs
