Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сузбивање на лисниот минер на доматот Tuta absoluta
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Сузбивање на лисниот минер на доматот Tuta absoluta
АгровестСовети

Сузбивање на лисниот минер на доматот Tuta absoluta

Објавено 12/02/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лисниот минер на доматот Tuta absoluta, во изминатите неколку години стана економски најзначаен штетник на доматот во голем број на земји во светот. По потеколо е од Јужна Америка, а во 2006 за прв пат е идентификуван во Шпанија, од каде што се шири во голем број Европски земји, Африка и Азија. Кај нас за прв пат е забележан во 2011 година.

За исхрана го преферира доматот но се храни и со други видови од фамилија Solanaceae  (компир, модар патлиџан, пиперка и плевелни видови како див домат, татула и др.). Tuta absoluta се карактеризира со висок репродукционен потенцијал, и секоја женка може да положи до 300 јајца, а во затворен просотор може да продуцира од 10 до 12 генерации годишно. Јајцата се елипсовидни, светло жолти, потемнуваат во ембрионалната фаза, и стануваат скоро црни пред пилењето на ларвата. Ларвите од прв степен се бели до жолтеникави, додека од 2 до 4 степен тие се зеленикави со црна лента зад главата, а пред да се закуклат имаат типична розова боја на дорзалната страна. Се кукли во почвата или во мините на листовите.

Кај доматот ги напаѓа сите растителни делови, во сите фенофази од развојот на растенијата. Гасениците ги преферираат листовите и стеблата, но се хранат и се вбушуаваат и во плодовите, посебно во штотуку формираните плодови кои ги оштетуваат и ја губат пазарната вредност.

За сузбивање на овој штетник на доматот, неопходна е примена на соодветни инсектициди. Со хемиска заштита против овој штетник потребно е да се започне уште при производсвото на расад, како и после расадувањето на постојано место. За сузбивање на овој штетник препорачуваме примена на следните инсектициди: SPINTOR 240 SC, CORAGEN 20 SC, AVAUNT 15 EC, ALVERDE, DELEGATE 250 WG, HARPUN, POLUX и FASTAC 10 EC. SPINTOR 240 SC делува контактно и дигестивно, и делува на сите стадиуми од развојот на Тuta absoluta, јајца, ларви и имага, и дозволен e за примена во органско производство. CORAGEN 20 SC делува на стадиумите јајца и ларви, AVAUNT 15 EC делува на јајцата и ларвите, ALVERDE делува на ларвите, DELEGATE 250 WG делува на јајца, ларви и имага а се истакнува со брза ларвицидна активност, HARPUN делува на јајцата, а POLUX и FASTAC 10 EC делуваат на пеперутките.

Заради високиот капацитет за репродукција и брз развој на една генерација (24 дена на тремпература од 27°C), неопходно е кога притисокот од штетникот е голем да се скрати бројот на денови помеѓу две прскања, да се прави комбинација од два или три инсектициди кои  делуваат на различни стадиуми од развојот на штетникот, и имаат различен механизам на делување се со цел да спречи или одложи појавата на резистеност кон користените инсектициди.

Во следната табела е дадена предлог програма на комбинации од инсектициди за заштита на доматот од Tuta absoluta:

ИнсектицидиДоза
SPINTOR 240 SC +
CORAGEN 20 SC +
POLUX
0,5 L/ha
0,2 L/ha
0,5 L/ha
DELEGATE 250 WG +
AVAUNT 15 EC +
FASTAC 10 EC
0,3 kg/ha
0, 33 L/ha
0,25 L/ha
SPINTOR 240 SC +
HARPUN +
POLUX
0,5 L/ha
1 L/ha
0,5 L/ha
ALVERDE +
CORAGEN 20 SC +
FASTAC 10 EC
1 L/ha
0,2 L/ha
0,25 L/ha

Подготвил: м-р Васко Манев

Хемомак пестициди

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Претходен напис Нема квалитетно грозје без капка пот да ти падне врз листот
Следен напис Сончево време, со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?