ПОТТИК Институт за градење на капацитети и промоција го спроведува истражувањето „Децентрализацијата низ очите на граѓаните“, со цел да ги согледа познавањата, ставовите и очекувањата на граѓаните за локалната самоуправа и процесот на децентрализација во Македонија.
Истражувањето се фокусира на распределбата на надлежностите меѓу централната и локалната власт, способноста на општините да одговорат на потребите на граѓаните и очекувањата за идниот развој на децентрализацијата. Добиените резултати ќе бидат основа за аналитичка публикација со наоди и препораки наменети за јавноста и креаторите на политики.
ПОТТИК Институт ги повикува граѓаните од сите региони на државата да одвојат неколку минути и да учествуваат во истражувањето. Прашалникот е анонимен, а секој одговор е важен за подобро разбирање на ставовите и очекувањата за иднината на локалната самоуправа
Линк до истражувањето: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdZPoj3_a17sytGH8bLkAfPe0C4RYVfjBgAN-CXY1X7AaPZUw/viewform?pli=1

