Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба на министерот Борче Серафимовски со амбасадорот на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Средба на министерот Борче Серафимовски со амбасадорот на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери
Агровест

Средба на министерот Борче Серафимовски со амбасадорот на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери

Објавено 11/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Паоло Палминтери, со кого разговараше за европската интеграција на земјоделскиот сектор и за можностите италијанското искуство да помогне во осовременувањето на домашните стопанства и примената на европските стандарди за производство и квалитет на храна.

Една од темите на разговор меѓу министерот и амбасадорот беше и примената на дигиталните технологии во земјоделството, кои се во функција на подобро планирање, навремено приспособување  на климатските услови и зголемување на продуктивноста преку поефикасно користење на ресурсите.

На средбата беше нагласено дека за македонското земјоделство европската интеграција значи усогласување на правилата и зајакнување на улогата на институциите, кои преку прецизни постапки и стручна помош можат да им го олеснат на земјоделците и преработувачите приспособувањето кон барањата на ЕУ.

„Европските стандарди имаат практична вредност кога земјоделецот може да ги примени во своето стопанство, да го потврди квалитетот на својот производ и да го понуди на нови пазари. Соработката со Италија ни дава можност искуството во примената на овие стандарди да го доближиме до нашите производители“, истакна министерот Серафимовски.

- Реклама -
Ad image

Од страна на соговорниците заеднички беше оценето дека органското производство нуди развоен потенцијал кој може да им донесе дополнителен приход на домашните земјоделци преку пласман на пазари на кои се ценат потеклото на производот и начинот на одгледување.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Најтопло утро во Гевгелија, најстудено на Попова Шапка
Есенска подготовка на градините и сеидба на зеленчук
ИСТРАЖУВАЊЕ: Децентрализацијата низ очите на граѓаните
Без струја делови од Илинден, Петровец, Кисела Вода и Аеродром
Повеќе од 600 граѓани го следат првиот бесплатен вебинар на ВЕЗИЛКА за вовед во вештачка интелегенција
Претходен напис Тренинг центар за производство на квалитетно и безбедно млеко и месо ќе се отвори во селото Амзабегово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?