Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема квалитетно грозје без капка пот да ти падне врз листот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Нема квалитетно грозје без капка пот да ти падне врз листот
Предлог бизнис

Нема квалитетно грозје без капка пот да ти падне врз листот

Последна измена: 12/02/2020 16:34
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

64 годишниот пензионер, Лазар Јордановски од Кавадарци, пред повеќе од 25 години засадил на својот имот 10 тина декари со винско грозје. Од лозјето, за кое како што вели го работи домаќински со години бере квалитетно црно и бело грозје и е задоволен од приносот. На површина од 5 декари има засадено грозје од сортата смедеревка и 5 декари од сортата вранец.

-„Од последнава година сум задоволен од родот, набрав по 8 тони грозје од смедеревката и 8 тони од вранецот. Со отворање на винаријата „Имако“, редовно секоја година родот го предавам таму и сум многу задоволен од соработката која ја имам со нив. Вранецот имаше цена по 13 денари за килограм додека смедеревката 11 денари, исплатата е секогаш според договореното, вранецот се исплаќа за десетина дена по предавањето а смедеревката до крајот на годината. Сметам дека кај нас цената на грозјето ја диктира Тиквеш и според нив се раководат и останатите откупувачи но сепак државата преку своите институции би можела  да влијае на тоа да се зголеми цената на грозјето за да имаме некој баланс меѓу производната цена и откупната од страна на винариите“, вели овој лозаропроизводител од Кавадаречко.

Вели дека го наводнува лозјето два пати во годината, но за него е најдобро тогаш, кога, како што вели доволно му е да ја погледне лозата и самиот лист ќе му каже дали му е потребна вода или не.

– „Поради заштита од болести и штетници лозјето го заштитувам 5-6 пати во годината со пестициди а ѓубрењето е секогаш на пролет пред првото орање. Сега пред некој ден почнав и со резидбата на виновата лоза, заедно со сопругата одиме на нива, работиме по 3-4 часа, јас ги сечам гранките таа е ангажирана околу нивно вадење од жица и изнесување на крајот на редот. Си помагаме еден на друг, а и убаво е после долгите зимски денови повторно да го почувствуваш свежиот зрак на отворено поле“, раскажува нашиот соговорник.

Вели дека знае оти за да произведеш добро грозје треба многу труд, знаење и пот, ни се пофали и дека секоја година печи по 5-6 казани ракија за своја душа.

– „Кога правам ракија, тоа е празник за мене и моите, тогаш ми доаѓаат пријатели кои ги имам од сите градови во земјава. Покрај топлиот казан, со туршија ја дегустираме свежо печената ракија и раскажуваме за наши догодовштини кои знаат да траат и до доцна во ноќта. Ги добив и средствата за оддржување на лозов насад а очекувам наскоро да ги добијам и субвенциите од 2 денари за килограм предадено грозје. Задоволен сум што оваа Влада мисли на своите граѓани, а субвенциите конечно одат кај вистинските земјоделци и се исплаќаат на време токму тогаш кога на лозарите им се најпотребни во период кога почнуваат со работа на лозјата. Праќам одовде порака до сите а особено до младите дека треба својата шанса да ја прпознаат во земјоделството и тоа е целта на МЗШВ за нови можности за млади земјоделци“, смета Јордановски.  

Лазар е секако пример за за добра земјоделска пракса. Во разговорот ни обајснува дека сите информации околу обработката на лозјето ги стекнал со годините зад него, вели искуство пред се но не одминува и да се вклучи на интернет бидејќи таму секогаш може да најде некои нови и свежи информации. На фејсбук страниците наоѓа коментари на земјоделски стручњаци но и на колеги лозропроизводители.

Колку традицијата на Тиквешкиот регион во производство на квалитетно грозје е посебна, тоа ни го покажува овој 64 годишен пензионер и неговото семејство, кое со работа и упорност, без оглед на се, направиле домаќински плантажи со лозов насад и кои ќе останат во наследство  на нивните генерации.

Може да ви се допадне

Германци бегаат од оваа работа иако заработуваат 3.000 евра месечно: Се потешко е да се задржат и странските берачи
(ВИДЕО) Сточарите не ги предаваат јагнињата дома за 210 денари, бараат или доплата од Владата или извоз
Како да направите печуркарник од просторија 4×4, кој има капацитет од 250 вреќи и што сè ќе ви биде потребно
Ивица Ѓорѓиевски: Пред 10 години родителите напуштија државна работи и од Скопје се преселивме во село, сега сме земјоделци и имаме се!
Нема откуп на оризова арпа во Кочанско поради отежнатиот пласман во странство
Таг:лозарнасадоткупприказна
Претходен напис Општина Ресен со владина поддршка ќе го решава проблемот со наглото повлекување на водата на Преспанско Езеро
Следен напис Сузбивање на лисниот минер на доматот Tuta absoluta
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?