Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сувата слива е многу поскапа од свежата: Семејството Ѓорѓевиќ од Топола во тоа гледа одлична заработувачка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Сувата слива е многу поскапа од свежата: Семејството Ѓорѓевиќ од Топола во тоа гледа одлична заработувачка
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Сувата слива е многу поскапа од свежата: Семејството Ѓорѓевиќ од Топола во тоа гледа одлична заработувачка

Објавено 22/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Своите ладилници ги згоелмиле за пет тони, а вака се сушат најдобрите српски сливи за кои има голема побарувачка на странскиот пазар.

Извозот на сушени сливи од Србија во 2020 година бил за 1,3 милиони евра поголем отколку во 2019 година и изнесувал 8 милиони евра.

Перспектива во производството, а потоа и во сушењето на сливи, забележало и семејството Ѓорѓевиќ од село Горна Трнава кај Топола и како што велат, тоа им е сигурен извор на приходи.

„Сувата слива се пакува во амбалажа од пет, десет килограми или помалку, зависно од побарувачката, продаваме главно на кванташки. Цената е солидна. Сувата слива е многу поскапа од свежата, заработка има зависно од година до година, не е побарувачката секогаш иста. За извоз цената е од 1,8 евра по килограм и тоа е одлична цена, најбарана е во Франција, но интересот за сувата слива се прошири и на рускиот пазар, што нам, на преработувачите дополнително ни донесува сигурен и подобар пласман“, вели Марко Ѓорѓевиќ.

Семејството Ѓорѓевиќ имаат сливи на 8 хектари, половина од родот го продаваат во свежа, а остатокот во сушена состојба. Најдобро се покажала сортата „стенли“ бидејќи има доста шеќер. Како што се развивала работата, ги прошириле своите капацитети и направиле ладилник од пет тони.

„Моравме да му се спротивставиме на пазарот, кој бара сè повеќе, свежата слива не може да ни донесе заработка, само да покриеме дел од вложеното, додека сушената слива има солидна цена. Го заокруживме производството на нашиот имот и сме задоволни, бидејќи од нашата работа живее цело петочлено семејство“ – изјави Слободан Ѓорѓевиќ.

Процесот на сушење на сливата трае од 24 до 28 часа, се суши на топол воздух и струја, температурата на сушење е до 80 степени.
„Напорна работа е бидејќи мора да се води сметка за секој детаљ, сливата не смее да се пресуши, тоа е скапа стока, мора да бидеш многу одговорен. Кога ќе почне да се суши, се дежура додека не заврши. Добри дрвја и добра волја и сливата мора да биде добра“, вели Марко.

Во процесот на преработка на сливата на семејниот имот се вклучени сите, а наследниците на Слободан, синовите Марко и Иван, одлучиле да останат на имотот и да живеат токму од земјоделството.

Извор: telegraf.rs

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:сува слива
Претходен напис Во Теново пуштена во употреба фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавати
Следен напис СН Осигурителен брокер, СН Финансии и спортските обложувалници Евротип помагаат во првиот регионален центар за вакцинација во салата „Билјанини извори“ – Охрид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?