Органското пчеларство значи исклучително здрав и квалитетен мед, заштитени пчели и потполно сочувана животна средина. Покрај сето тоа во светот постојат само неколку илјади пчелари кои своите пчели ги приспособиле врз основа на методите за органското производство на мед.
Многу строгите услови за сертификација, но и неможноста за пронаоѓање адекватно природно опкружување ги спречија дури и најамбициозните и многу искусни пчелари да во потполност му се посветат на овој вид пчеларство.
Дали е тешко да се занимавате со органско пчеларство? Да, ама е возможно.
Оние похрабрите пронајдоа начин да ги заокружат органските процеси и на пазарот нудат сертифициран, потполно здрав и природен органски мед .
Со што се одликува органското производство на мед?
Ваквиот мед се одликува со квалитет приближно еднаков на оној произведен на конвенционален начин, но со една значителна разлика – сите нутритивни состојки имаат природно потекло. Разлика во изгледот и квалитетот во било кој поглед не би требало да постои.
Важна разлика се и предизвиците на самото производство. Покрај недоволно достапна литература и искуство, исто така проблем е да се најде органско опкружување во кое пчелните семејства нема да бидат изложени на загадување или недозволени хемиски средства, а тоа претставува предизвик за сите земји во светот. Органските пчелни семејства треба да бидат во органско опкружување во радиус од најмалку 5 км.
Тоа значи дека пчелите не смее да се чуваат во близина на конвенционални култури како што се ниви со сончоглед, овоштарници со малини, капини, освен ако не се и тие органски одгледувани.
Истото важи и за пасиштата со природна вегетација. Забрането е да се имаат кошници во близина на ливади и шуми кои на некој начин биле изложени на пестициди и други хемиски средства.
Според органските принцип , пчелите не смеат да се хранат со вештачка храна, под која се подразбира и шеќерот без разлика дали тој е од органско потекло. Ситуацијата на терен сепак е често поинаква, па голем број на пчелари во недостиг на храна за пчелите се приклонуваат кон давање на шеќер од органска шеќерна репа. Од друга страна предизвикот во вакви ситуации е и тоа дека органскиот шеќер е значително поскап во однос на регуларниот, што исто така е една од причините што ги одбива пчеларите да се занимаваат со органско пчеларство.
Органското производство на мед исто така се одликува и со целосно изоставување на пастеризацијата, процес со кој медот се изложува на температура до 70 степени целзиусови со што би се зголемила трајноста, течната состојба и се одстрануваат микроорганизмите . Сепак, оваа процедура не ја практикуваат многу и од конвенционалните пчелари бидејќи сметаат дека високата температура покрај сите позитивни има и негативини ефекти кои влијаат врз квалитетот на медот.
Целото внимание е насочено кон пчелите!
Многу важно е да се заштитат пчелите на сите можни начини , посебно во органското производство каде што не смеат да се лекови ниту било што друго што се користи на пазарот. Органските принципи посебно ги штитат пчелита како единки , па било каков метод на сечење на крилата на матицата, или некои друиги методи на влијание врз пчелното семејство не се дозволени.
Како од конвенцонално одгледување да се премине во органско?
Периодот на конверзија трае 12 месеци и во тој период сите методи на примена на хемиски средства мора да се стопираат, а новите органски методи мора да почнат да се применуваат.
Основните сегменти од пчелиното престојувалиште како што се куќиштето, кошницата, рамките и се што е во директен контакт со пчелите, медот или восокот мора да бидат направени од природни материјали. Восокот мора да биде од пчелни единици со органско производство.
Принципите на органското производство не дозволуваат убивање на пчелите поради искористување на некои производи што пчелите ги складираат на одредени места од кошницата. Исто така не е дозволено добивање на пчелин восок или екстракција на медот од саќето во кое истовремено се наоѓа и пчелно легло.
Органски мед кај нас?
Во нашата држава ситуацијата од пред неколку години се менува, па се поголем е бројот на пчелари кои се заинтересирани за производството на органски мед и кои органското производство на мед го препознаа како доходовно, посебно поради се поголемата побарувачка на квалитетен и здрав мед.
Предизвик во производството на органски мед е и недостатокот на лаборатории кои ќе го потврдат квалитетот на органскиот мед и целосното одсуство на остатоци од пестициди во воздухот и околината.
Органското пчеларство е извесно бидејќи представува уште еден начин на борба за зачувување на природните процеси . За сега овој процес е иднина кон која што оди со мали и важни чекори , но вреди затоа што крајниот резулат е целосно природен, квалитетен мед и сочувана природа.
Извор : OrganicNet
Напишете коментар