Дури и во малите станови можете да одгледувате украсни вкусни зачински растенија и во текот на целата година да имате органски растенија кои одлично ќе ги зачинат вашите мајстории во кујната. Ако во својот дом резервирате добро катче за одгледување на овие растенија ќе уживате во нивно одгледување и плодовите на својата креативност.
Иако звучи неверојатно,одгледувањето на зачински растенија во близина е всушност многу едноставно. Потребни ви се мали саксии и подметнувачи, земја, хумус и малку добра волја. Својата креативност можете да ја изразете со правење и украсување на саксиите и полиците за нив. Идеално место за саксиите се маси поставени покрај прозорец или прозорската даска на која се наредени и саксии со цвеќе.
Ако планирате растенијата да ги одгледувате од семе, следете ги упатствата кои се напишани од производителите. Водете сметка секогаш да имате чисти садови за евентуалните болести да не се пренесуваат меѓу растенијата. Секогаш обезбедувајте им доволно светлина, особено на младите израстоци но никако немојте долго да ги изложувате на директни сончеви зраци,бидејќи на овие растенија тоа генерално не им одговара. Последица на лошата нега е пожолтени лисја и сушење на одредени делови на растението. Секогаш добро проветрете ја просторијата и доволно наводнувајте ги но водете сметка земјата да не биде премногу влажна и да не скапува.
Ова се топ 5 ароматични растенија кои сигурно ќе ве воодушеват и со изгледот и со вкусот.
1. Освежително нане
Освежителното нане е вкусен зачин за многу јадења од зеленчук и месо а се користи во правење на сокови, коктели, сладолед, овошни салати. Младите лисја се најароматични и се берат непосредно пред употреба а најдобро е пред цветање во јули и август. Нането (Mentha piperita) се смета за најстар светски медикамент а се користи за регулирање на дишните проблеми и проблемите со варење, одржување на хигиената на устата, освежување на воздухот во просторијата, а бидејќи има можност да лади природно се употребува за лечење на главоболка. Лисјата нане можат да се користат свежи но и суви при правење на чај.
Начинот на нега во домашни услови е едноставен, а најдобро време за негово расадување е март. Стебленцето се остава неколку дена во вода за да развие корен а потоа се сади во земја богата со хумус. Нането не треба да се држи изложено на директна светлина, а одлично му одговара големо наводнување. Не заборавајте еднаш годишно да го пресадите, користејќи нова земја или барем старата да ја освежите со ѓубриво.
2. Мирисен рузмарин
Во сите медитерански земји рузмаринот (Rosmarinus officinalis) често се користи како интересен додаток на јадењата а во домашни услови лесно се одгледува и со својот мирис го освежува воздухот во просторијата. Поради интензивниот вкус се користи за подготвка на месо на скара но и риба и јадења со зеленчук а гурманите обожуваат комбинација на рузмаринот со силни и пикантни јадења. Рузмаринот има благотворно дејство, чајот ја смирува главоболката, ги лечи инфекциите на дишните патишта а маслото од рузмарин при туширање ја подобрува циркулацијата и го забрзува лачењето на водата од организмот
Рузмаринот расте на сите видови почва а не бара многу вода, така да треба да се наводнува еднаш а во лето два пати неделно. Се сее во март но најдобро се производува од гранче кое се засадува во септември и октомври. Сака топлина и сонце па треба да се сочува од мразеви но и од преголема влажност на воздухот.
3. Лековита Мајчина душица
Мајчина душица (Thymus serpyllum) идеално одговара со силни јадења како јагнешко, дивеч, зајачко но и со пикантен компир и зеленчук. Се употребува листот и цветот и има силно антибактериско дејство, а делува и смирувачки кај инфекцијата на дишните патишта и проблеми со желудникот. Лековитите состојки се наоѓаат само во листот и цветот а мајчината душица не бара голема нега.
Успева и на сува и на сиромашна земја а и одговараат сончеви места но успева и на осои. Се сее на пролет, цвета во текот на јуни и август а треба да и се потсекуваат врвовите во текот на цветањето како би се овозможило развивање на странични стебленца. Не треба премногу да се наводнува.
4. Вкусно оригано
Ориганото е една од најчесто користените и најомилени ароматични растенија. Задолжителна состојка е за пасти, пици и салати и речиси секој го сака. Лесно се одгледува не бара посебни услови и брзо успева за користење. Сака суви растресити почви како и добро осветлени места. Ориганото (Origanum vulgare) бара периодично наводнување а на семето му е потребна посебна нега. Семето треба да се завитка во памук или газа и одвреме навреме да се натопува со вода, да не скапува и да има доволно воздух а кога ќе прорти треба да се постави на површината на почвата и да се залее со вода. Растението е зрело за користење кога ќе порасне околу 10 цм или пак формира десетина листови кои и само тие се користат.
5. Пикантен босилек
Ова ароматично и лековито растение на јадењата им дава мирисна и пикантна нота а одлично одговара со домати , сини патлиџани, карфиол и компир. Честа состојка е за преливи за месо и тестенини. Босилекот (Ocimum basilicum) е одличен антиоксиданс кој го подобрува варењето и ја чува храната од расипување. Кај ова едногодишно растение можат да се користат сите надземни делови иако најчесто се користат само свежите листови.
Ова растение бара сончеви и топли места а треба да се држи подалеку од провев,се сади во април и март а може да се консумира штом ги појави првите цветови, од мај до август. Ароматичните растенија може да се користат на неколку начини, свежо набраните може да се користат како зачини за време на готвењето или како декорација но и во домашната козметика.
Исто така се користат и сушени иситнети растенија како зачин кој долго може да стои, потребно е да се исечкаат и добро да се исушат завиткани во газа на место кое не е директно изложено на сончевите зраци. Покрај тоа псотојат и интересни начини на ароматичните растенија да им сочува свежината, исечкајте ги и ставете ги во калапи за мраз, прелијте ги со вода и замрзнете. Кога ќе ви затребаат свежи зачини, одмрзнете ги и додадајте ги во јадењето.
Впуштете се во креативна авантура на одгледување на растенија и вашиот труд ќе биде награден со вкусни и здрави органски зачини кои ќе го надополнат вкусот на вашите јадења преку цела година.
Напишете коментар