Печената тиква е едноставен есенски десерт што освојува со својата природна сладост и мирисот на печени ореви.
Подготвена во air fryer, со малку кафеав шеќер, мед и крцкави ореви, станува прекрасен десерт што се подготвува брзо и без многу труд.
Потребни состојки:
- 300 г тиква
- мед по вкус
- кафеав шеќер по вкус
- сечкани ореви
Начин на подготовка:
Тиквата ја чистиме од кората и семките, па ја сечеме на парчиња со посакуваната големина. Во корпата на air fryer ставаме хартија за печење, а врз неа ги распоредуваме парчињата тиква. Секое парче го посипуваме со малку кафеав шеќер.
Печеме на 180 °C околу 30 минути, а потоа ги превртуваме парчињата и печеме уште 10 минути на 200 °C, додека тиквата убаво не зарумени и не омекне. Времето на печење може малку да се разликува зависно од видот на тиквата и големината на парчињата.
Печената тиква ја редиме во чинија, ја посипуваме со ореви и ја прелеваме со мед. Послужете ја топла.
МИА

