Интензивната форма за размножување се заснова на раси со високи прoдуктивност на на козите, кои пренесуваат добар генетски потенцијал во производството на месо и млеко.
Одгледувањето на кози вклучува и чување на кози во штала во текот на целата година. Овозможува примена на најновите технологии, и употреба на механизација и опрема при хранењето. Можеме да изградиме нова или да реновираме некоја постоечка штала.
При градење, мора да ја земеме предвид локацијата, големината и висината на просторијата и изборот на покривот, sидовите и подовите – технички стандарди. Исто така, за да козите растат и да бидат здрави, мора да им обезбедиме добри услови за живеење и затоа мора да се земат предвид и температурата, влажноста, вентилацијата и осветлувањето на просторијата во која престојуваат.
Како треба да изгледа шталата
Шталата треба да биде сува, пространа, добро осветлена и без промаја, а подот рамен или минимално наведнат, изработен од штици или тули. Една коза треба да има 1,5 до 2 метри квадратни подна површина и препорачливо е да се одржува просторијата секој ден. Прозорците треба да бидат 8-10% од вкупната површина на шталата, 1,5 метар над подот, а висината на шталата треба да биде над 2,5 метри.
Подот во шталата може да биде од штици, тули, бетон, камен, а од неодамна има и специјални смеси наменети за подови. Бетонски и камени подови не се препорачуваат бидејќи се ладни и задржуваат влага. Важно е лежиштата да бидат суви и топли, а доколку се постави слама, треба да се обезбедат 0,5 килограми слама по коза и 0,2-0,3 килограми слама по јаре на ден.
Висината на објектот зависи од планираниот број на животни во шталата и од климатските услови во областа. Се движи од 2,25 m, за поладни области, до 3,0-3,5 m во области со повисоки просечни температури.
Ѕидовите најчесто се направени од тула, а од дрво би биле идеални, но заради нивната цена, сточарите ретко се одлучуваат за тоа. Ѕидовите треба да бидат малтерисани на висина од 1,5 метар. Најмалку еднаш годишно, треба да се варосуваат.
Може да се каже дека покривот е најважниот дел од шталата. Честопати, храната за козите се чува под покривот, така што треба да се направи со добар квалитет, за да не прокиснива. Најчесто се прави од дрво, а за топлотна изолација се користи слој од камена волна (5 сантиметри).
Опрема во шталата
Опремата во шталата вклучува јасли, корита за коцентратот, поилки и помошни подвижни огради.
Јаслите можат да бидат двострани или еднострани, со исправени или коси лајсни, со корита за концентрат на дното или без корита, со ногарки или без ногарки, подвижни или неподвижни. Тие се изработени од дрво, метал или нивна комбинација. Тие треба да бидат поставени на висина од 0,3 до 0,4 метри над простирката, но треба да биде можно повремено да се подигнат.
Поилките во шталата мора да обезбедат доволно свежа и чиста вода за животните. Затоа, најдобро решение е поилките да се поврзани со ситем на постојан извор на вода. Покрај тоа што мора да биде свежа, водата мора да има и соодветна температура помеѓу 12 и 20 степени.
Помошни огради се користат за одделување на одредени грла на кози во зависност од потребите (грла во фаза на парење, болест или слично).
Помошни објекти во склоп на шталата
Индивидуалните боксови за јарење се наоѓаат во склоп на шталата и се одделени со прегради. Тие се монтирани по потреба бидејќи козата со јарето не поминува многу денови заедно. Боксовите за прихранување на јарињата се составен дел од шталите, особено во фармите ориентирани на производство на млеко, бидејќи јарињата честопати се одвојуваат многу рано од мајките и на тој начин ја добива потребната храна. Просторот за болни кози мора да биде надвор од штала, но ако сè уште е во неа мора да биде далеку од здравите грла.
Просторот за молзење се гради како посебен објект во рамките на козарска фарма. Важно е локацијата да биде таква што козите лесно ќе влегуваат и ќе излегуваат од него. Опремата во просторијата за молзење треба да вклучува место за за концентратот, стоилиште, вакум- пумпи, одвод за проток на млеко, дистрибуција и дезинфекција, машини за молзење, транспорт на млеко и када или апарат за бањањ и дезинфекција.
Просторијата за складирање млеко се користи за чување на млекото сè додека не се извади или преработи.
Микроклиматски услови во шталата за кози
Микроклиматските услови во шталата се еден од основните фактори кои влијаат на здравјето на животните. Високите млечни грла се многу чувствителни на несоодветна температура, влажност и на промаја во штала, па ако сакаме здрави животни со висок принос, мора да им обезбедиме соодветни микроклиматски услови во штала.
Температурата на воздухот за возрасните животни треба да бидае помеѓу 10 и 15 степени Целзиусови, а за јарињата помеѓу 15 и 20 степени Целзиусови. Важно е да се избегнат ниски температури и големи температурни промени. Влажноста не смее да биде помала од 60%, ниту поголема од 80%, а оптималната влажност е помеѓу 65 и 75%.
Шталата мора секогаш да има свеж воздух. Можеме да инсталираме вентилација на покривот или на вратите и прозорците, но таа мора да биде дизајнирана да заштеди топлина. Шталата треба да биде добро осветлена и главната светлина за козите треба да се доажа од прозорците.
Хигиенски услови
Хигиените услови во шталата исто така играат голема улога за здравјето на животните. Неопходно е да се спроведе редовно темелно чистење и дезинфекција на шталата најмалку двапати годишно. На овој начин ги уништуваме патогените микроорганизми кои предизвикуваат појава на разни болести.
Правилната исхрана е клучен фактор
Козите се хранат со груба, обемна храна, како што се , сено, силажа, дрвенести растенија. Козите во својата храна користат дури 90 различни растенија. Зелената сточна храна или пасишта можат да јадат до 14 кг на ден, а со додавање на сено оваа количина се намалува.
Житарици, односно концентрати (пченица, пченкарни зрна, јачмен, овес) се даваат кога сакаме поголемо производство на млеко или зголемување на телесната тежина.
Минералниот блок за лижење е од суштинско значење во исхраната што е исто така извор на натриум, многу важен минерал за здравјето на козите.
Извор: Агроклуб.рс
Напишете коментар