Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Сè што треба да знаете за производство на органска пиперка ајварка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Договорно Производство > (ВИДЕО) Сè што треба да знаете за производство на органска пиперка ајварка
Договорно ПроизводствоОрганско производство

(ВИДЕО) Сè што треба да знаете за производство на органска пиперка ајварка

Последна измена: 13/11/2024 12:17
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

Одгледување на органска пиперка, ајварска пиперка, не е лесна активност во земјоделството. Потребно е претходно познавање, консултација со стручни лица во текот на производството и извршување на сите потребни агротехнички мерки, за да не дојде до забавување на растот на пиперката, со што на крајот од вегетацијата ќе резултира со намалување на приносот. Посебно кога станува збор за органско производство.

 Токму затоа, преку Агротим со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е  втора година по ред го промовираме Договорното производство на органска пиперка и работиме на поголема афирмација и едукација на земјоделските производители.

Разликата меѓу конвенционално и органско производство е во тоа што во органското производство не се употребуваат хербициди и пестициди и примената на ѓубрива и заштитни средства е контролирана.
При одгледувањето на пиперката Ајварка, како на отворено така и во заштитен простор, во текот на вегетацијата има потреба од  низа мерки со цел да се овозможи нормален развој и раст на пиперката.

Подготовката на расад започнува во месец април. Се расадува во месеците мај-јуни. Процедурата е следна:

Најпрво треба да се направи леа, треба да се обележи, израмни, истапка почвата, да се накваси со вода, а исто така и семето треба да биде наквасено со вода барем 30 минути пред сеењето.
Кога расадот ќе постигне висина од 2-3 листа, се третира со органско средство поради развој на коренов систем, здраво стебло, отпорност на болести, заштита од ниски температури, бидејќи во периодот на подготовка на расад често има минусни температури и доцни мразеви.
По 7-12 дена, поради ниски температури и мразеви, се третира повторно. До фаза на расадување, третирањето е препорачливо на секои 7 дена.
Копањето и прашењето на  младите растенија  се  изведува  после  вкоренувањето, 
или  15‐20  дена  после  расадувањето.
Целта е разровкување на горниот или површински слој, овозможување на подобар 
топлотен или  воздушен  режим,  уништување  плевели.  Се  препорачува  и  машинска  обработка,  но  претходно редовите треба да бидат прецизно одредени.

Една од главните агротехнички мерки при одгледувањето на пиперката е наводнувањето. Повеќето од производителите прават огромни грешки во начинот на одредувањето на времето на наводнување. Препорака е доколку постојат можности, да се изведува преку систем капка по капка. Со задоцнување на наводнувањето или пак прекумерното наводнување, состојбата е доста лоша во развојот на растението, а подоцна и самиот принос и квалитет.
Многу е важно наводнувањето да се врши во раните утрински часови или доцна навечер, бидејќи дневните температури се многу високи и кога водата доаѓа во допир со кореновиот врат, се создаваат услови за појава на паразитски заболувања.
Ѓубрењето е најдобро да се изведе откако претходно ќе се направи агрохемиска анализа на почвата. Најпрво секогаш се додава основно органско ѓубриво со висок процент на хумус и органска материја. Тоа се врши еднаш, пред расадувањето на стеблата.

Расадување се врши на претходно обработена и наѓубрена почва со органско ѓубриво.
Се расадува на 33 см оддалеченост од корен до корен.
По расадувањето, поради сузбивање на стресот на растението од леа во нива, се користи органско средство и се повторува на 10-12 дена.

Кога ќе дојде во фаза на папка, повторно се третира органско средство + прихрана + инсектицид.
Прихранувањето  е  многу  важна  агротехничка  мерка. 
Прихрана се дава фолијарно на секои 10 до 15 дена.

Ако заштитата се изведува под надзор на стручно лице, резултатите се позитивни и видливи. Се препорачува средствата за заштита на пиперката да се користат кога условите во средината се погодни за развој и појава на болести и штетници. За болестите се препорачува да се користи незаразена почва и вода, додека кај вирусите најдобро е после појавата на вирусни вектори и инсекти, да се изврши третирање со инсектициди дозволени во органското производство на база на етерични масла.

Најчести  болести  на  пиперката  се  полегнување  на  расадот  (Rhizostonija solani, Pythium sp.),  пламеница  на  пиперката (Phytophtora capsici), вертицилиозното  венење  (Verticillium albo‐atrum).

Најважни  штетници  на  пиперката, се лисните  вошки  (Myzus persicae, Aphis gosipii), лисните совици (Mamestra brassicae, М. oleraceae) белокрилка, трипс.

Може да ви се допадне

Како да направите течно органско ѓубриво од коприви
Техника на одгледување модар патлиџан
(ВИДЕО) Договорно производство на ЈАПОНСКО ЈАБОЛКО: Еве како ќе изгледа целиот процес
(ВИДЕО) Варналиева: Почнавме со КАЛЕМЕЊЕ на ЈАПОНСКОТО ЈАБОЛКО според насоките на консултантот на „Fresh line“ кој дојде од Шпанија
Голем интерес кај земјоделците од Росоманскиот крај за соработка со „Fresh Line“, еве ги следните чекори!
Таг:модар патлиџанорганска пиперкаоргански лукорганско производство
Претходен напис (ВИДЕО) Договорно производство на органска пиперка ајварка, лук и модар патлиџан – информации од семе до готов производ
Следен напис Дизелот поевтинува за два денара
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?