Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заменик-министерот Хоџа ја посети фармата на семејството Нухија во Гургурница, со 900 овци и сертифицирано органско производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заменик-министерот Хоџа ја посети фармата на семејството Нухија во Гургурница, со 900 овци и сертифицирано органско производство
Агровести

Заменик-министерот Хоџа ја посети фармата на семејството Нухија во Гургурница, со 900 овци и сертифицирано органско производство

Објавено 13/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, ја посети сточарската фарма на Шабан Нухија, лоцирана на планинските пасишта над селото Гургурница, на планината Сува Гора во Полошкиот Регион, каде што заедно со своите два сина, Неџбедин и Кујтим, се занимава со овчарство и органско производство.

Семејството Нухија одгледува околу 900 овци и поседува сертификат за органско производство, покажувајќи дека долгогодишната сточарска традиција може успешно да се развива во согласност со современите стандарди на производство.

За време на посетата, заменик-министерот Хоџа одблиску се запозна со секојдневната работа на ова семејство, условите за одгледување на добитокот и предизвиците со кои се соочуваат сточарите во планинските подрачја.

Хоџа ја истакна посветеноста на семејството Нухија, нагласувајќи го значењето на зачувувањето на сточарската традиција, вклучувањето на младите генерации во оваа дејност и развојот на домашното производство.

„Семејства како ова на Шабан Нухија се пример за чесна работа и посветеност на сточарството. Со 900 овци и сертифицирано органско производство, тие не само што ја зачувуваат семејната традиција, туку даваат и значаен придонес во домашното производство. Особено нè радува фактот што и неговите два сина ја продолжуваат оваа дејност“, истакна заменик-министерот Хоџа.

Посетата беше и можност за непосреден разговор со сточарите за нивните потреби и за значењето на поддршката на сточарскиот сектор, како дел од развојот на земјоделството и руралната економија.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Саем на вино, храна и ракија „Wine Vision by Open Balkan“
Водата во Скопје безбедна за пиење
Земјоделците да ги прилагодат своите активности на временските промени, апелираат агрометеоролозите
Отворање на првиот Едукативно – технолошки центар за развој на пчеларството во Македонија
Без струја делови од општините Аеродром и Чучер Сандево,а без вода дел од населбата Крњево
Таг:900 овциАлбрим ХоџаГургурницаНухијаорганско производство
Претходен напис До петок постудено со повремен дожд, а на планините снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?