Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ротирачки соларни панели ги штитат лозјата во Франција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Ротирачки соларни панели ги штитат лозјата во Франција
Совети

Ротирачки соларни панели ги штитат лозјата во Франција

Објавено 12/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Соларните панели на земјоделски површини стануваат вообичаена појава низ цела Европа. Најновите вести доаѓаат од Франција, каде што тие ги штитат лозјата на лозарот Пјер Ескуди, откако оваа година дел од неговиот род бил уништен од мразот, а потоа и од високите температури.

Соларните панели ги изолираат лозите за време на студените периоди и ги штитат растенијата од силна сончева светлина за време на топлотните удари. Интересно е што плочите се ротираат така што на растенијата може да им се обезбеди светлина, особено во облачни денови.

Зголемувањето на глобалните температури со зголемената фреквенција на топлотни бранови, сушите и студените екстреми го менуваат вкусот на виното. Предизвикуваат порано зреење на грозјето, што резултира со зголемување на шеќерот во гроздовите.

Овој лозар, кој ги одгледува сортите марселан, гринич грис и шардоне, одлучил да користи ротирачки соларни панели. Тој вели дека на сите ќе им требаат слични решенија доколку сакаат да ги задржат локалните сорти на грозје.

Фото: Facebook

„Ова може да стане нашата иднина. Сите ние ќе треба да направиме нешто затоа што поминуваме од средоземноморска кон полусушна клима“, предупреди тој. Додава дека пред околу 30 години се сметало дека 32° C е екстремна температура, но денес таа се искачува до 40° C.

Александар Картие, менаџер на компанијата „Sun’Agri“ од Лион, која ги развила овие соларни панели, вели дека е забележана помала содржина на шеќер во грозјето од оваа плантажа, поради намалувањето на изложеноста на сонце.

„Тоа го спречи прекумерната појава на алкохол за време на ферментацијата, а лозата исто така има многу лисја што се позелени во споредба со онаа што не беше во сенка“, објасни тој.

Напојување на домовите со енергија

Исто така, плочите помагаат да се изолира почвата кога температурите се под 2° C, со што се заштитуваат земјоделските култури и виновата лоза од доцниот мраз што ја опустоши цела Франција на почетокот на пролетта.

Од компанијата пораќуваат дека поставувањето на панелите има взаемна корист, бидејќи покрај заштитата на лозјето, тие обезбедуваат и енергија за околу 650 домови во таа област.

Оваа технологија ги обработува временските податоци и одредува кога ќе ги засенчи посевите, односно ќе ги ротира плочите и ќе овозможи навлегување на светлината во лозите. Компанијата планира да ги користи на околу 40 мали земјоделски површини од два до четири хектари во јужниот дел на земјата, по долината на Рона и на бреговите на Средоземното Море во текот на 2022 и 2023 година.

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:ротирачки соларни панели
Претходен напис Нови технологии на силажирање на добиточна храна
Следен напис Лист од орев како природен конзерванс – Природните конзерванси делуваат исто како и нивните синтетички паралели
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?