Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови технологии на силажирање на добиточна храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Нови технологии на силажирање на добиточна храна
Совети

Нови технологии на силажирање на добиточна храна

Објавено 12/10/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Постојаниот развој на науката носи придобивки и во земјоделството, бидејќи новите технологии на силажирање на добиточната храна (употреба на јаглерод диоксид) донесува добри резултати. Конзервирањето храна за исхрана на домашните животни се користи во земјоделството во сите делови на светот.

По бербата или косењето, растенијата се транспортираат од полето до фармата, се ставаат во силос и се притискаат за да се исфрли воздухот, а потоа силосот се покрива со специјални фолии за да се обезбедат услови за ферментација. Силажата настанува како производ со конзервирање на растенијата со ферментација на млечна киселина и е присутна во текот на целата година.

Процесот на респирација го намалува квалитетот на силажата за исхрана на домашните животни, бидејќи во оваа фаза се користи високо сварлива енергија и се намалува количината на хранливи материи потребни за раст и развој на корисни бактерии на млечната киселина при процесот на конзервирање.

Пронаоѓањето на новиот процес и примената на јаглерод диоксид во гас или цврста состојба во форма на сув мраз за зачувување на добиточната храна е иновативен елемент во процесот на силажирање на растенијата. Новина во пронаоѓањето и примената на оваа технологија на силирање е тоа што јаглерод диоксидот дејствува веднаш врз силосната маса, односно нема чекање за завршување на фазата на аеробна респирација бидејќи период од само 0-2 часа обезбедува анаеробни услови за раст и развој на бактерии на млечната киселина кои се наоѓаат на површината на зеленото растение, на тој начин, почетната хранлива вредност на растението пред силажирање се зачувува во текот на конзервирањето. Јаглерод диоксидот има многу поволен ефект врз квалитетот и рокот на траење на силажата.

Нови технологии на силажирање

Аеробната стабилност на силажата се продолжува до 80% кога се отвора силосот и се забавува развојот на мувлата. Загубите се минимални, особено во горните агли на силосот. Почетните фази на силирање при покривање на силажата и завршните фази при отворање на силосите и изземање на силажата се ризични точки што се елиминираат со оваа технологија. Трошењето пари за примена на нова технологија на фармата е многу прифатливо за просечниот земјоделец, а јаглеродниот диоксид денес широко се користи во прехранбената индустрија при пакување на храна во производството на газирани пијалаци итн. Фактот што се подготвува еднаш годишно, а се користи во текот на целата година, укажува на неговата важност. Сите земјоделски производители, кај нас, кои силираат добиточна храна за говеда, свињи, кози и овци, можат да го применат овој изум без да сменат ништо во нивното постоечко производство.

Силажата со примена на овој метод се разликува од традиционалнато, бидејќи идеалното решение се базира на скратување на аеробната фаза на дишењето на растенијата, со што се намалуваат загубите. Односно, јаглеродниот диоксид е активен веднаш по додавањето на силажната маса, не се расфрла во полето и се врши со додавање во гасовита состојба или во форма на сув мраз во цврста состојба.
Сите материјали за оваа примена се присутни на домашниот пазар. За примена на оваа технологија потребно е присуство на експерт за проценка на потребната количина на гас и најдобар начин на апликација во практични услови на фармата. Оваа технологија може да се користи за силажирање на пченка, а најдобри резултати се добиваат при подготовка на сено од луцерка.

Извор: agroinfonet.com

Може да ви се допадне

Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Примена на фертиригација кај овошните насади
Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Таг:силажасилирање
Претходен напис Братот и сестрата Мики и Магдалена ја продолжуваат семејната традиција: „Пчелар може да биде само оној кој ги сака пчелите“
Следен напис Ротирачки соларни панели ги штитат лозјата во Франција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?