Конзервансите се супстанции, природни или синтетички, кои помагаат да се задржи храната свежа подолго и да се спречи нејзиното расипување предвреме. Како по правило, целата спакувана храна се третира со некои од вештачките конзерванси. Сепак, многу природни конзерванси делуваат исто како и нивните синтетички паралели.
Сол
Солта се користи како природен конзерванс уште од антички времиња. Применета за риба и месо, солта помага во дехидрирање на микроорганизмите и го запира растот на бактериите, одржувајќи ја храната свежа подолг период, дури и со години. Солта исто така се бори и против мувлата. Сувомеснатите преработки, кои траат подолго од свежото месо, се конзервираат со сол. Натриум хлоридот ја извлекува влагата, создавајќи средина штетна за развој на бактериите.
Сок од лимон
Сокот од лимон содржи многу витамин Ц, моќен антиоксиданс кој спречува расипување и гниење. Слично на солта, сокот од лимон ја извлекува водата, балансирајќи го pH факторот и природните киселини во храната. C6H807 или лимонска киселина е киселина која се наоѓа во лимонот и се користи во пијалаци, храна, козметика и лекови за зачувување на бојата и вкусот.
Оцет
Оцетот е природен конзерванс. Оцетната киселина ги убива бактериите и го спречува расипувањето на храната.
Екстракт од рузмарин
Екстрактот од рузмарин настанува со дестилација на лисја од рузмарин и е моќен конзерванс. Неговиот антимикробен состав содржи карнозна и рузмаринска киселина, антиоксиданси кои дејствуваат како штит до распаѓање. Се смета дека рузмаринот има над 24 антиоксиданси кои имаат подолг рок на траење од повеќето други видови антиоксиданси.
Шеќер
Шеќерот природно ја чува храната извлекувајќи ја водата и убивајќи ги микроорганизмите и бактериите. Популарен за чување на овошје, каде што високата содржина на шеќер ја сврзува водата и го спречува растот на бактериите. Шеќерот често се додава во водата во вазна со цвеќе за да ги „нахрани“ цвеќињата и да спречи предвремено овенување.
Туршија со лисја од орев
Десетина сецкани лисја од орев (без дршка) и грст мека кора со неколку ореви се доволни за да заштитите околу 5 кг зеленчук од расипување.
Извор: agrosavjet.com
