За прв пат во земјата, Фондот за иновации и технолошки развој започнува еден поинаков предизвик, насловен како „Стартап херои“. Предизвикот се реализира во соработка со „Тинекс“, а поддржан е од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка и Фактор траст – финансиско друштво за факторинг.
„Стартап херои“ е вистинска можност за малите стартап претпријатија кои имаат веќе развиен прототип на иновативен производ со потенцијал за пласман, преку предизвикот, да реализираат активности со кои ќе го подготват својот производ за успешен влез во малопродажба во маркетите на „Тинекс“.
Ако имате мала фирма која постои помалку од 6 години доколку аплицирате на овој јавен повик ќе имате можност да добиете грант во висина од 10.000 евра. Овие пари ќе можете да ги инвестирате во следното:
- Набавка и/или изнајмување на материјали и опрема за подобрување на процесот на амбалажирање и стандардизација на производот (нови модерни тегли , етикети и сл.);
- Набавка на потрошни материјали за истражување и анализа на пазар (на пр.тестери, примероци на производи за тестирање, дегустација и сл.);
- Ангажирање на експерти/консултанти за истражување и развој, анализа на пазар, маркетинг стратегија, иновациски менаџмент, бизнис развој, права на интелектуална сопственост, финансиски менаџмент, и друго);
- Трошоци поврзани со обезбедување на квалитет преку стандардизација, сертификациија и слично;
- Подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и индустриски дизајн;
- Маркетинг трошоци поврзани за брендирање и промоција: ангажирање на дизајнери/ консултанти за креирање на бренд идентитет на производот, дизајн на амбалажа на производот, дизајн и изработка на промотивни материјали и друг тип на дизајни за маркетинг активности за унапредување на пазарниот пристап при пласманот;
- Други трошоци поврзани со проектот (банкарски провизии, режиски трошоци, трошоци за сметководство, оперативни трошоци, трошоци за дистрибуција на производи и сл.)
Добро знаеме дека основен проблем на секоја фирма која се занимава со производство на храна е пласманот на готовиот производ. Овој предизвик наречен „Стартап херои“ ви дава можност вашата произведената туршија , убаво спакувана и етикетирана да се најде на посебно обележани полици на однапред дефинирани продажни локации на Тинекс МТ ДООЕЛ.
Со тоа вашата идеја која со многу храброст и труд сте ја претвориле во производ ќе има успешен влез во во еден од најголемите малопродажни ланци во земјава.
Исто така вашата стратап компанија ќе добие и дополнителна поддршка во:
- Унапредување на квалитетот на производот преку сертификација и други процеси кои додаваат вредност на производот;
- Раст на приходите и создавање на финансиска оддржливост;
- Поддршка при креирање на бренд идентитет и пазарен пристап;
- Поддршка за подобрување на својот процес на работење;
- Поддршка за стекнување на одредени вештини;
- Индиректно учење и трансфер на „know-how“ и знаење преку менторирање.
Секако мара да напоменеме дека овој предизвик има повеќе категории на производи кои се подобни за финансирање и тоа:
Категории на производи подобни за финансирање:
- Кондиторски производи – благи (кроасани, чоколадни намази, чоколади и сл.) и солени (чипсови, грицки, крекери и сл.);
- Органска и здрава храна (пакувани, конзервирани органски производи и производи за диетална прехрана)
- Безалкохолни и алкохолни пијалаци во кои содржината на алкохол е пониска од 15%;
- Основни прехранбени продукти (млеко и млечни производи, брашно, јајца, масло, оцет и дресинзи, мед и слатки намази и сл.);
- Конзервирани производи;
- Козметички производи (нега на лице, тело, коса и сл.);
- Производи за чистење и освежување на домот.
Затоа доколку сакате да учествувате на овој јавен повик се што треба да направите е да доставите онлајн апликација најдоцна до 25.05.2021 година до 14 часот.
- При аплицирање задолжително треба да се достават следниве документи:
- Проектна документација (која треба да е потпишана од овластен претставник на Натпреварувачот и печатирана, а достапна е преку веб страницата на Фондот):
- проектна апликација
- буџет на проектот
- изјава на Натпреварувачот за прифаќање на условите на Фондот
- нотарски заверена изјава за сопственичка – основачка структура на Натпреварувачот
- кратки биографии за проектниот тим (најмногу до 5(пет)лица)
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик. Проектната документација задолжително се доставува на обрасци изготвени од страна на Фондот. Проектната документација треба да се поднесува онлајн преку следниот линк: www.fitr.mk/startapheroi со клик на копчето „Аплицирај“.
