Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стартува проектот Договорно производство на органска пиперка на иницијатива на Агротим
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Стартува проектот Договорно производство на органска пиперка на иницијатива на Агротим
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Стартува проектот Договорно производство на органска пиперка на иницијатива на Агротим

Објавено 25/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Годинава стартува проектот Договорно производство на органска пиперка ајварка на иницијатива на Агротим, а во соработка со преработувачки капацитети, советничката за органско производство Ангела Ѓеровска и земјоделски производители од неколку региони.

Производството веќе започна, ќе се сади на површина од околу 10 хектари, од кои најмногу во Прилепско, 6 хектари, а останатите во Битолскиот и Светиниколскиот регион.

-Семето го набави еден производител за сите, а расадот секој сам го подготвува. Стартно добро оди организацијата и првично се исполнуваат условите за органско производство. Подигнувањето на расад на сите земјоделски производители им е познато, но поради забраната за употреба на хербициди, плевењето мора да се врши рачно – изјави Ѓеровска.

Целокупниот процес на производство од расад до берба, цена и предавање на родот во преработувачки капацитет, ќе биде следен од страна на Агротим, преку репортажи, изјави на земјоделците, откупувачот, советите за органско производство и сите потребни агротехнички мерки.

Целта е да се доближи ова производство до земјоделците, да се охрабрат и да се вклучат во овој процес на Договорно производство како најдобро решение за нив, но и за откупувачите.

Органските земјоделски производи како и нивни преработки последниве години се доста барани на европските и светските пазари.

Нашите земјоделци имаат поволни почвено – климатски услови за органско производство, а како поволност се и високите субвенции за ова производство.

Конкретно, доколку се одлучите да произведувате органска пиперка од сортата куртовска капија, тогаш имате 60 000 денари од хектар (за 100% повисоки субвенции од конвенционалното производство кое изнесува 30 000 денари од хектар).

Доколку површината ви е од 1 до 5 хектари, тогаш имате 72 000 денари од хектар.

Ова зголемување е со цел да се зголемуваат површините кај малите земјоделски стопанства.

На оваа сума од 72 000 денари за хектар со органска пиперка куртовска капија, има и дополнителни субвенции од 6 денари (100% повеќе од конвенционално произведени) за предадени во преработувачки капацитет.

Пример, ако предаде 5 000 килограми од хектар, ќе добие плус 30 000 денари. Или заедно со субвенциите по површина вкупно 102 000 денари или 1 700 евра.

Државна поддршка има и за преработувачот доколку е регистриран за органско производство. За преработка на органски производи и органски производи во преод, поддршка до 10% од произведените до максимум од 150 000 денари по оператор.

Исто така, земјоделскиот производител има субвенции од 50%, има и за добивање на сертификат за органски производ.

Може да ви се допадне

Намаз од модар патлиџан и пиперка
Што значи органско производство во преод?
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Посебни начела кои се применуваат во органското земјоделско производство
Кои се целите на органското земјоделско производство
Таг:органско производствопиперкапроизводителирегиони
Претходен напис Произведувате вкусна туршија, џем, сирења или колачи – еве како вашите производи да се најдат на рафтовите во „ТИНЕКС“ маркетите, со 10 000 евра помош од државата
Следен напис (ВИДЕО) Неверојатна фарма со полжави и технологија за нивна преработка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?