Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Појаснување за сточарите како се добива 30 отсто повисока субвенција за зголемување на стадото
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Појаснување за сточарите како се добива 30 отсто повисока субвенција за зголемување на стадото
АгровестСубвенции

Појаснување за сточарите како се добива 30 отсто повисока субвенција за зголемување на стадото

Објавено 11/11/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 7.101 субјекти исплати 27.069 000 денари. Станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемиле основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки, и пчелини семејства. Оваа мерка се исплаќа по прв пат и беше Владино ветување, се со цел поттикнување на одгледувачите на добиток за зголемување на сточниот фонд во Република Северна Македонија.

Зголемена субвенција ги следува сите фармери кои земале субвенција за :

- Реклама -
Ad image

директни плаќања за грла говеда

директни плаќања за обележани грла на овци

директни плаќања за грла кози

директни плаќања за женски приплодни грла на маторици

директни плаќања за презимени пчелини семејства

Сите фармери кои земале средства по овие мерки и за разлика од претходната година го зголемиле бројот на основното стадо, добиваат дополнителна субвенција од 30 % за секое грло за кое е зголемено стадото во споредба со претходната година.

На пример ако еден сточар во 2017 година имал 100 овци, а во 2018 година има 110 овци, значи го зголемил стадото за 10 овци.

За нив ќе добие плус 30% односно 300 денари. Или за 100 овци ќе добие по 1 000 денари по грло, а за тие 10 плус колку што го зголемил стадото, наместо по 1000 денари ќе добие по 1 300 денари по грло.

Исто така важно е да се напомене дека нема ограничување за колку грла ќе биде зголемувањето.

Преку оваа Мерка се овозможува поттикнување на развојот на домашното сточарство, преку зголемување на основните стада. Со зголемување на добиточниот фонд во државата се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед. Со зголемувањето на домашните производи од животинско потекло, се обезбедува поефтина суровина која е важен инпут во индустријата за преработка на месо, млеко и мед.

Може да ви се допадне

Средба на министерот Борче Серафимовски со амбасадорот на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери
Исплатени се 5716 пчелари во износ од 156.676.536 денари
Најтопло утро во Гевгелија, најстудено на Попова Шапка
Есенска подготовка на градините и сеидба на зеленчук
ИСТРАЖУВАЊЕ: Децентрализацијата низ очите на граѓаните
Претходен напис Соопштение за пријавувањето за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун
Следен напис Маџунот, македонска приказна со традиција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?