Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Соопштение за пријавувањето за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Соопштение за пријавувањето за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун
Агровести

Соопштение за пријавувањето за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун

Последна измена: 11/11/2019 12:02
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за испит за полагање заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 20 НОЕМВРИ 2019 година.

Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство според Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи(*) („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.98/19) и Правилникот за формата и содржината на барањето за полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на тутун, лиценцата за процена на тутун, начинот на пријавувањето и спроведувањето на испитот како и програмата и потребната литература за полагање на испит („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.194/19). Програмата за полагање на испитот е во прилог на ова соопштение.

1.Согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи пред полагањето на испитот заинтересираните кандидати мора да посетуваат обука и да добијат потврда за посетена обука од овластената институција- Научен Институт за тутун во Прилеп.

Обуката ќе се оддржи во Научен Институт за тутун во Прилеп и тоа:

-обука за теоретскиот дел од испитот на 25.11.2019 година, понеделник во 10 часот и

-обука за практичниот дел од испитот на 26.11.2019 година, вторник во 10 часот.

2.Полагањето на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун ќе се оддржи на 29.11.2019 година, петок во Научен Институт за тутун Прилеп во 11 часот.

Заинтересираните кандидати заедно со барањето (кое се наоѓа во прилог на ова соопштение) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун треба да ги приложат следните потребни документи:

1. Кандидатите со соодветно образование треба да приложат:

-диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун;

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат:

-потврда од фирмата за работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун и/или копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

*високо образование со две години работен стаж,

*вишо образование со три години работен стаж,

*средно образование со четири години работен стаж.

3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун непрекинато најмалку последните пет години треба да приложат:

-договори за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование.

4.  Кандидатите мора да имаат завршено средно образование.

Барањето заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 20.11.2019 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: улица “Аминта Трети” бр.2, 1000 Скопје со назнака во горниот лев агол „за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун“.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат законските услови, дополнително ќе бидат известени од страна на комисијата за трошоците за обуката и за испитот за полагање.

Може да ви се допадне

АФПЗРР на 63-та конференција Pantha Rhei
Просечната нето плата во март 44 763  денари
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Германска бизнис делегација на средба во Стопанската комора 
Состојба на патиштата
Таг:испиткандидатиилиценцанаучен инситутполагањесоопштение
Претходен напис Исплатени 30 отсто повисоки субвенции за фармерите кои го зголемиле сточниот фонд во споредба со претходната година
Следен напис Појаснување за сточарите како се добива 30 отсто повисока субвенција за зголемување на стадото
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?