Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поголема хигиена за поквалитетно млеко и подобар пласман
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Поголема хигиена за поквалитетно млеко и подобар пласман
СоветиСточарско производство

Поголема хигиена за поквалитетно млеко и подобар пласман

Објавено 18/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Млеко“ e производ на млечната жлезда добиен со правилно и редовно молзење на здрави крави, овци, кози и биволици без да се додава или одземе нешто од истото.

СУРОВО МЛЕКО е млеко добиено како производ при секреција на млечната жлезда кај фармски одгледувани животни, кое термички не е третирано на температура повисока од 40°С или не подлежело на друг третман кој би имал еквивалентен ефект.

Суровото млеко се класира во екстра, прва и втора класа според содржината на протеини, содржината на масти, вкупниот број на микроорганизми и соматски клетки. Класирањето на сурово млеко се врши со земање и анализирање на примероци при откупот непосредно по молзењето, или со земање на примероци од чувано сурово млеко.

Примероците за анализа на протеини и масти се земаат најмалку двапати месечно, а за вкупниот број на микроорганизми и соматски клетки најмалку еднаш месечно.

Суровото млеко што се става во промет во зависност од видот на животното од кое е добиено покрај својствениот мирис, вкус и боја треба да ги исполнува минималните барања за квалитет по однос на содржината на масти, точка на мрзнење, безмаслена сува материја, белковини, специфична тежина и титрациона киселост.

За да може млекото да се стави во промет, потребно е исполнување на барањата во поглед на:

– здравствената состојба на животните за производство на сурово млеко;

– хигиената на одгледувалиштата, просториите и опремата за производство на сурово млеко;

– исполнување на хигиенските барања во текот на молзењето, собирањето и транспортот на суровото млеко и

– хигиенските барања за сурово млеко.

Суровото млеко наменето за преработка во објекти, треба да доаѓа од регистрирани и контролирани одгледувалишта, кои ги задоволуваат хигиенските барања утврдени во законските и подзаконските одредби.

Согласно законската обврска која се однесува на примарните производители на сурово млеко во поглед на исполнување на хигиенските барања и нивна регистрација, АХВ има изготвено план за категоризација на одгледувалиштата на молзни грла според ризик, со унапредување на квалитетот на суровото млеко, а со цел обезбедување на исполнување на критериумите за број на микроорганизми и соматски клетки и хигиенски и здравствени барања за одгледувалишта на молзни грла.

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Скопски Водовод: Водата за пиење во Скопје ги исполнува барањата за безбедност и квалитет
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Таг:квалитетмлекопрва класацена
Претходен напис Над 70 работни места и бруто плати од 2.000 евра со новата инвестиција на „Алмак” и „Дура аутомотив системс”
Следен напис Бачовски: Се продолжува рокот за апликација по Мерка 7 од ИПАРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?