Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Над 70 работни места и бруто плати од 2.000 евра со новата инвестиција на „Алмак” и „Дура аутомотив системс”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Над 70 работни места и бруто плати од 2.000 евра со новата инвестиција на „Алмак” и „Дура аутомотив системс”
Агровести

Над 70 работни места и бруто плати од 2.000 евра со новата инвестиција на „Алмак” и „Дура аутомотив системс”

Објавено 18/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јужнокорејската компанија „Алмак” и американската компанија „Дура аутомотив системс” денеска во ТИРЗ 2 во Скопје го означија почетокот на заедничката инвестиција во С. Македонија.

Станува збор за инвестиција од околу 30 милиони евра кои ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија. Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со работа од следната година. Се очекува да се отворат над 70 работни места, а бруто платата за висококвалификуваните кадри ќе биде околу 2.000 евра.

– Ова е уште една потврда за добрите економски политики што ги креираме. Создаваме предвидлив деловен амбиент за инвестиции, извоз, добро платени работни места, а со тоа и раст на економијата. Нашите заложби како Влада се да помогнеме во креирање на добро платените работни места и во таа насока во новата инвестиција се очекува просечната бруто плата да изнесува околу 2000 евра, подвлече премиерот Зоран Заев.

Просечната бруто плата за најслабо квалификуваните кадри кои ќе работат во фабриката, како што посочи Заев, ќе биде 889 евра или просечна нето плата од 580 евра.

Според новите инвеститори, клучни причини поради кои се одлучиле да инвестираат во земјава се стабилниот деловен амбиент, работната сила, инфраструктурата и поддршката што Владата им ја дава на странските инвеститори.

– По истражувањата во многу земји, одлучивме првиот капацитет да го изградиме во Скопје. Изградбата ќе се направи за 12 месеци со модерен дизајн на 80 илјади квадратни метри, рече Џунпајо Парк, претседател и извршен директор на новата заедничка компанија.

Јужнокорејската компанија, како што изјави нејзиниот основач и директор Сојун Парк, ја користи зелената електрична енергија во процесот на производство и 100 проценти ги рециклира остатоците при процесот на производство.

– Ова ново партнерство не симболизира само бизнис, туку спој на две култури, учење на еден од друг и можност да се создаде подобар свет. Ќе работиме на градење успешна приказна на која ќе се гордееме сите, порача Парк.

Од почетокот на годината, вкупниот обем на инвестиции кои почнуваат или се во финална фаза на подгоотвка е над 120 милиони евра со кои се очекува да се отворат повеќе од 2000 работни места и да се генерира дополнителен извоз над две милијарди евра.

– Успеавме да донесеме далечна инвестиција, не со скапа кампања, туку со добар збор, рече директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:amkacduraалмакбунарџикДура аутомотив системсТИРЗ
Претходен напис Кривична пријава за дебранец кој бесправно исекол борови стебла покрај езерото
Следен напис Поголема хигиена за поквалитетно млеко и подобар пласман
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?