Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна наводнителната и сеидбената сезона на оризот во Кочанско, површините намалени за една третина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Почна наводнителната и сеидбената сезона на оризот во Кочанско, површините намалени за една третина
Растително производство

Почна наводнителната и сеидбената сезона на оризот во Кочанско, површините намалени за една третина

Последна измена: 15/04/2020 12:49
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани денеска ја пушти водата во каналите на хидросистемот со што официјално ја почна овогодишната наводнителна и сеидбена сезона на оризот во кочанскиот регион.

Според утврдениот план за наводнување од хидросистемот „Брегалница“, површините што ќе бидат засеани со ориз се намалени за околу една третина во споредба со минатата година, а тоа е резултат на неповолната хидролошка состојба во изминатите шест месеци.

– Во моментот располагаме со 64 милиони кубни метри вода во акумулацијата Калиманци, што е скоро за половина помалку во однос на истиот период лани, поради што неизбежна беше промена на сеидбената структура за наводнување. Вкупно под ориз ќе се наводнуваат околу три илјади хектари, во кои се вклучени и површините во атарот на селата Карбинци, Жиганци и Уларци што се под надлежност на водостопанската подружница од Свети Николе. За полнење на нивите за почеток ги користиме проточните води од реките, за да зачуваме што поголеми количини што се акумулирани во браната Калиманци, а водата во десниот магистрален канал ќе биде пуштена во почетокот на мај, истакна Дени Митров, директор на водостопанската подружница „Брегалница“.

Земјоделците се информирани за измените во планот за наводнување, за што се истакнати писмени известувања во сите населени места во регионот, а дел од површините со ориз и други земјоделски култури ќе се наводнуваат и преку левиот магистрален канал.

Може да ви се допадне

До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Максимов: Трговците знаат да си ја зголемат маржата по однос додавање „крш“ во оризот, граѓаните тоа не го знаат 
(ВИДЕО) Трипуновски смирува: Уште денеска ќе биде пуштена водата, земјоделците да бидат спокојни
Во застој откупот на оризот од минатогодишното производство
Трипуновски: Се подготвуваме за претстојната сезона на сеидба на ориз
Таг:ориз
Претходен напис Од земјоделците откупуваат кактуси и изработуваат еко кожа
Следен напис Откажани саеми во Хрватска и Словенија поради опасноста од ширењето на корона вирусот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?