Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од земјоделците откупуваат кактуси и изработуваат еко кожа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Од земјоделците откупуваат кактуси и изработуваат еко кожа
Магазин

Од земјоделците откупуваат кактуси и изработуваат еко кожа

Објавено 15/04/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Двајца пријатели од Мексико, свесни за тоа колку модната индустрија влијае на загадувањето на животната средина, започнаа да произведуваат вештачка кожа од кактуси кои ги откупуваат од земјоделците.

По завршувањето на студиите Адриан Лопез Веларде  и Мартеа Казарез  се вработиле, но станале се  позагрижени за загадувањето на животната средина. 

За modernfarmer изјавиле дека долго планирале да ја напуштат работата со која се занимавале до тогаш , за да можат да се занимаваат со нешто што ќе ги исполнува. Лопез бил вработен во индустрија за намештај, а Казарез работел во модната индустрија. 

Кожата од кактус трае најмалку 10 години

Тие одлучиле своите пари, искуство и знаење да ги вложат во  модната индустрија  бидејќи сметале дека тоа е една од индустриите кои имаат најголема потрошувачка, а целта им бил да направат одгржлива алтернатива за природната кожа.

Материјалот е делумно биоразградлив и има такви технички спецификации кои инаку ги бараат индустриите за намештај, автомобили , кожа и мода. Благодарение на издржливоста, флексибилноста, пропустливоста и трајноста од најмалку 10 години, кожата произведена од кактус има можност да ги замени животинските и синтетичките материјали кои еколошки и етички не се прифатливи.

Производството на памук бара многу вештачко ѓубриво

За овој материјал се одлучиле бидејќи во производството на памук се користи многу вештачко ѓубриво, но и поради фактот дека 80 % од изработената облека на крајот ќе биде запалена и ќе заврши на депонија.

„Природните ресурси на земјата се под голем притисок, а за тоа голем удел има модната индустрија“ вели Лопез Веларде и додава дека им било многу важно да направат линија која ќе биде фокусирана на одржливоста и заштитата на животната средина со која сите ние се соочуваме.

Кактусите ги откупуваат од земјоделците

Инспирација пронашле во растението од сортата Опуниција, па одлучила да го користат за производство на вештачка кожа. Овој кактус кој го обработуваат е по потекло од Мексико каде што всушност го користат во  исхраната  како додаток на разни јадења.

Лопез Веларде  и Казарез откупуваат суровини од 27 земјоделци  од сојузната држава Закатекас.

За изработка на кожа ги користат само зрелите лисја на растението и тоа со метода за која велат дека овозможува берење на нови лисја на секои шест до осум месеци. Откако ќе се исечат лисјата се сушат на сонце 3 дена, а потоа се преработуваат.

На минатогодишниот меѓународен саем за кожа “Lineapple” во Милано  го претставиле својот производ, а нивниот бренд  “Desserto” предизвикал голем интерес во светот на модата.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:Вештачка кожаЕко кожакактусиМексико
Претходен напис Огромен успех на еПазар во Србија, ова може да биде и ваша шанса
Следен напис Почна наводнителната и сеидбената сезона на оризот во Кочанско, површините намалени за една третина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?