Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откажани саеми во Хрватска и Словенија поради опасноста од ширењето на корона вирусот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Откажани саеми во Хрватска и Словенија поради опасноста од ширењето на корона вирусот
Саеми и манифестации

Откажани саеми во Хрватска и Словенија поради опасноста од ширењето на корона вирусот

Последна измена: 15/04/2020 15:58
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Јубилејното 25. Издание на „Меѓународниот саем за земјоделство занаетчиство и индустрија Viroexpo 2020″ во Хрватска, е откажан поради опасноста од ширење на корона вирусот. Саемот требаше да се одржи викендот од 13. до 15. март и како што изјавуваат организаторите тој ќе се одржи на есен.

„Сметаме дека во овој момент на пандемија од корона вирусот тоа е една разумна одлука, бидејќи иако се е подготвено, нас на прво место ни е здравјето и сигурноста на нашите граѓани, на посетителите и на излагачите на саемот“, изјавил вировитичко-подравскиот жупан Игор Андровиќ, на состанокот на Организациониот одбор на „Вироекспо 2020“, објавуваат на страната на саемот.

Андровиќ истакнал уште дека е возможно спојување со „Агроекспо“. „Но за тоа дополнително ќе одлучуваме, а се зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со корона вирусот во Хрватска но и во земјоте од каде што ни доаѓаат излагачите. Ако се биде во ред саемот ќе го одржиме на есен, ако не тогаш оваа година саем нема да има“ додаде тој.

Потсетуваме дека Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска , препорача да се одложат сите собири со повеќе од 1000 луѓе на неодредено време. Станува збор за вториот пакет мерки за заштита од потенцијалната зараза. Првиот пакет мерки е дека сите странски државјани кои влегуваат во земјата од подрачја што претставуваат жаришта, а тоа особено се однесува на Кина, Италија и Кореја, ќе бидат ставени во задолжителен карантин во траење од 14 дена.

„ На прво место ни е здравјето на граѓаните“ порача градоначалникот на Вировитица, Ивица Кирин.

Исто така излагачите се известени дека износот кој го уплатиле за да обезбедат изложбен простор, ќе остане како депозит за есенското издание на саемот. „И просторот кој го имале за периодот од 13 до 15 март ќе ги чека на есен“ потенцира директорот на саемот Бојан Мијок.

Откажани и саемите во Словенија

Поради опасноста од ширење на заразата од корона вирусот откажани се манифестациите кои исто така во текот на месец март требаше да се одржат на саемот во Цеље во Словенија. Станува збор за „Алтермед“, „Кулинарт“, „Флора“, „Порока“, „Аписловенија“, „Фестивал на кафето“,„ Во светот на риболовот“.

Извор :Агроклуб

Може да ви се допадне

„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Европскиот саем за сточарство што ќе се одржи во октомври, посветен на три раси говеда – Централната тема ќе биде одржливоста на сточарското производство
„Ја сакам Плачковица“ по 19. пат во организација на штипските планинари
Се одржа манифестацијата Меѓународен ден на земјоделски задруги 2023
Таг:Вироекспо 2020Откажани саемиСаеми во СловенијаСаеми во Хрватска
Претходен напис Почна наводнителната и сеидбената сезона на оризот во Кочанско, површините намалени за една третина
Следен напис „Хемометал“ ви го претставува новиот бренд за Гарден програма RURIS
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?