Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Основни принципи на заштита во органското производство на зелка


За разлика од обичното (конвенционално) земјоделско производство, органското земјоделско производство поголемо внимание му придава на спречување на појава на штетниците отколку на заштита од нив, преку примена на низа агротехнички мерки.

Организмите (инсекти, болви, микроорганизми) или плевелите, стануваат штетници откако нивото на нивно присуство ќе доведе земјоделците да не можат да ги остварат своите производни цели.

Познавањето на развојните циклуси, техниките за следење на бројот на штетниците кои се применуваат во интегралната заштита, се применливи и во органското производство, бидејќи тие вршат само следење на бројот на инсектите и плевелите на одредена површина.

Контрола над болестите

Болестите можат да претставуваат ограничувачки фактор во производството на зелка според принципите на органското земјоделско производство. Тие можат да бидат предизвикани од габи, бактерии и инсекти. Од друга страна, пореметувањата предизвикани од временските услови или недостаток од хранливи елементи во почвата можат да предизвикаат појава на симптоми, многу слични на оние кои се јавуваат при појава на болести.

Оттука, познавањето на симптомите е од клучно значење за преземање оптимални мерки за отстранување на истите. Комбинацијата од агротехнички мерки треба да биде основата врз која ќе се гради стратегијата за заштита од појава на болестите. Вистинскиот избор на сорти, проследено со вистинскиот избор на локацијата, може да биде од пресудно значење за успехот во одгледувањето на зелката.

Исто така, отстранувањето на мумифицираните плодови, заразените растенија, како и векторите кои придонесуваат за појава на болестите, се мерки кои значително ќе придонесат за намалување на опасноста и условите за појава на болести.

Основни принципи на заштита во органското земјоделско производство

Задолжителни мерки

Заштитата на културите од болести и штетници треба да биде под надзор на стручно лице. Заштитата на растенијата треба да биде во согласност со Прирачникот за органско производство на зелка.

Основни принципи на органската заштита:

• одгледување сорти кои се отпорни на болести и штетници;

• користење здрав и сертифициран саден материјал;

• примена на агротехнички мерки за создавање на неповолни услови за развој на штетници и болести: плодоред, избалансирано ѓубрење, наводнување „капка по капка“;

• примена на механички и физички мерки;

• примена на биолошка борба (корисни видови инсекти, пајаци,
микроорганизми);

• примена на супстанции од природно потекло (сулфур, бакар).

• Производителот треба да се придржува кон одредбите од Добрата земјоделска практика (GAP) во одгледувањето, кои доведуваат до спречување на појава на штетни инсекти во број кој би довел до штети на растенијата;

• Биолошките и физичките методи обезбедуваат дополнителна заштита, за што не е потребно добивање дозвола за примена.

Повеќе за органското производство на зелка можете да прочитате во Водич за органско производство на зелка

Мар 8, 2023agrotim3
(ФОТО) Жени револуционерки во земјоделството, кои се осмелиле да го менуваат светотВо Владата потпишан договор со„Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во наредните шест години

Напишете коментар Откажи одговор

08/03/2023 Органско производствозелка137

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019