Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „ОРГАНИКО“ – Врвен квалитет со мирис на традиција: Швајцарците го сакаат нашиот ајвар!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „ОРГАНИКО“ – Врвен квалитет со мирис на традиција: Швајцарците го сакаат нашиот ајвар!
АгровестиОрганско производство

„ОРГАНИКО“ – Врвен квалитет со мирис на традиција: Швајцарците го сакаат нашиот ајвар!

Објавено 25/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Органското производство во Македонија има потенцијал да стане клучен двигател на руралниот развој. Големата побарувачка за македонски органски производи на швајцарскиот пазар, бара од компаниите да зголемат количини и да обезбедат соодветен квалитет. За да го постигнат тоа, тие инвестираат во нови технологии, ЕУ-сертификација и модернизација на производството. Чекори што носат нови приноси и овозможуваат зголемување на капацитетите.

Во ова видео компанијата „Органико“ ја претставува својата приказна за тоа како македонското органско производство се позиционира и успешно се пласира на швајцарскиот пазар.

Се наоѓаме на полето на „Органико“, на кое моментално произведуваме ајварска пиперка, традиционална, куртовска капија за швајцарскиот пазар. Произведуваме ајвар, произведуваме модар патлиџан, исто така домашно семе и црвен домат, јабучар, исто така старо семе од традиционални сорти, вели Зоран Цветанов од „Органико“.

-Најважно за швајцарскиот пазар е органското производство. Бараат 100 проценти органско производство и ајварот го бараат во традиционална форма – печен на ќумбе, лупен со рака. Исто така со лажица ги полниме теглите. Ништо фабрички, сè традиционално како дома што го правиме. Веќе трета година работиме за нив и се исплаќа, им се допаѓа на нив и секоја година ги зголемуваат количините.

За швајцарскиот пазар произведуваме ајвар, лубеница, а оваа година малиџаното ќе биде нов производ во процесот на производство. Планираме да произведуваме и џем од кајсии.

Исто така избушивме бунар, бидејќи лани имавме големи проблеми со наводнувањето на пиперот. Имаше рестрикции, влечевме вода од приватни бунари за да направиме производство.

Оваа година инвестираа во бунар и пумпа и исто така ќе инвестираат во заштитна ограда со мрежа и со заштитни конструкции од страната и од горе за производството да биде заштитено од град и од невремиња.

Од производството лани бевме премногу задоволни. Оваа година ќе видиме, се надеваме дека ќе бидеме. Во ова производство е карактеристично тоа што користиме сè што ни дала природата. Џунџулињата, босилокот и блитвата покрај пиперот и покрај доматите ги садиме бидејќи ги напаѓаат некои инсекти. Кога се насадени џунџулињата, босилокот или блитвата, тие инсекти одат кај нив, бегаат од доматот. Ги пренасочуваме за да не ни ги напаѓаат доматите.

Проблемите со плевели ги решаваме рачно со копање бидејќи не прскаме против трева. За прихрана користиме ѓубриво од кокошки, а за прскање за прихрана користиме дозволени препарати како на пример хумусна киселина, морски алги за прихрана – средства што се дозволени во органското производство, вели Зоран Цветанов од „Органико“ – Мустафино.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО)„БАЛЕСКИ ОРГАНИК“: Шест хектари под бадем – работа, иновации и едукација до финален производ за швајцарски пазар
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
Најмногу дожд во Претор
Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евекуирани над 220 илјади луѓе
Таг:ајварЗоранорганско производство
Претходен напис Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Следен напис (ВИДЕО)„БАЛЕСКИ ОРГАНИК“: Шест хектари под бадем – работа, иновации и едукација до финален производ за швајцарски пазар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?