Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Во Владата потпишан договор со„Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во наредните шест години


Денеска во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, првиот потпретседател на Владата Артан Груби, амбасадорката на САД, Ангела Агелер, од страна на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и претставници на меѓународниот конзорциум Бехтел Енка потпишан е Договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д.

Во својот говор пред присутните, првиот потпретседател на Владата Груби рече дека овој проект е само добар почеток на една голема работа од прогласувањето на независноста на државата.

„Среќен сум што стојам овде пред вас како претседател на Комитетот за спроведување на преговорите за изградба на проектот Коридор 8 и 10 Д. Им благодарам на моите колеги министри, особено на амбасадата на Соединетите Американски Држави која секогаш стои зад нашите проекти и идеи, нашите партнери нашите супервизори и сите соработници кои учествуваат во овој проект. Овој проект е само добар почеток на една голема работа, најголема од прогласувањето на независноста на Република Северна Македонија“, рече Груби.

Проектот Коридорот 8 ќе се протега на должина од 68 километри со автопат со 6 ленти, кој ќе ги поврзува Тетово со Гостивар, Кичево, Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10 Д, автопат со 6 ленти во должина од 40 километри, кој ќе го поврзе Прилеп со Битола.

Инаку, историскиот проект Коридор 8 и 10 Д ќе се финализира во период од 6 години од почетокот на работите. Реализацијата на оваа најголема капитална инвестиција во историјата на нашата земја ќе придонесе за економијата, за модернизација на патната инфраструктура, а во иднина ќе овозможи дополнителен развој на услугите, подобри услови за развој на бизнисот, поквалитетен живот и поврзување со соседите и меѓународните коридори.

Мар 8, 2023agrotim3
Основни принципи на заштита во органското производство на зелкаПенов: Заедно со ЕУ прекугранично ќе ја подобруваме пожарната заштита во Северна Македонија и Албанија

Напишете коментар Откажи одговор

08/03/2023 Рурален Развојавтопа, бехтел и енка36

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019