Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Жени револуционерки во земјоделството, кои се осмелиле да го менуваат светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ФОТО) Жени револуционерки во земјоделството, кои се осмелиле да го менуваат светот
Магазин

(ФОТО) Жени револуционерки во земјоделството, кои се осмелиле да го менуваат светот

Објавено 08/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Многумина од нас не знаат за жените кои придонеле за развојот на земјоделството и сродните гранки низ годините. Придонесите на овие жени во голема мера влијаеле на земјоделските иновации. Во продолжение ќе се потсетиме на некои од нив.

Хариет Вилијамс Расел Стронг (1844-1926)

Хариет Вилијамс Расел Стронг била заштитничка на водите на Америка. Бидејќи формалното високо образование за жените во тоа време било ограничено, Стронг студирала кај приватни предавачи и во школата за млади дами Мери Аткинс.

Фото/Facebook

Во 1883 година останала вдовица со непрофитабилна фарма од 220 хектари и четири ќерки за одгледување. Нејзините обиди за наводнување резултирале со неуспешни посеви на пченица, ‘рж и јачмен, што ја поттикнало да експериментира за да открие кои култури можат успешно да се одгледуваат на нејзината земја.

Фото/Facebook

Специјалните посеви, вклучително и 150 хектари ореви, успеала успешно да ги одгледува благодарение на нејзиното истражување и дизајнот на ефикасен систем за наводнување.

За помалку од пет години таа била водечки производител на ореви во земјата, со профит од над милион долари. Дизајните на Стронг станале модел за изградба на браната Хувер, а нејзините системи за наводнување биле прифатени од многу фармери.

Алис Катерин Еванс (1881-1975)

Еванс била микробиолог која дала значителен придонес во млечната индустрија со нејзиното истражување за болестите на сирово млеко, поради што го добила прекарот „Пионер на безбедното млеко“.

Како и на другите жени, образованието не и било лесно достапно, но со нејзината упорност успеала да дипломира бактериологија на Универзитетот Корнел и да добие магистерска диплома на Универзитетот во Висконсин.

Фото/Facebook

Нејзиното истражување било фокусирано на проучување на два специфични вида бактерии пронајдени во сировото млеко, меѓусебно сродни и способни да се пренесат од животните на луѓето.

Нејзината работа не била добро прифатена од академиците и од фармерите, кои ја обвиниле за „мешање“ со компаниите што произведуваат опрема за пастеризација. Поради нејзината работа, сепак, бил откриен нов род на бактерии – бруцелоза, што на крајот довело до задолжителна пастеризација на млекото.

Марија Андраде (родена во 1958 година)

Истражувањето на д-р Марија Андраде довело до воведување на девет сорти на сладок компир отпорни на суша кај фармерите во Мозамбик. Заедно со нејзините колеги, д-р Роберт Мванга и д-р Јан Лоу, развиле биолошки збогатен сладок компир. Овој сладок компир збогатен со витамин А бил одгледуван за да напредува во различни услови на субсахарска Африка и да се спротивстави на недостаток на витамин А. Со едукација на земјоделците и потрошувачите, Марија и нејзините колеги го премостиле јазот помеѓу земјоделството, исхраната и здравјето, менувајќи ја работна динамика на меѓународната заедница.

printscreen/events.globallandscapesforum.org/speaker/maria-andrade/

Може да ви се допадне

Ледена лимонада со јагоди
Домашен сладолед од ванила со малинов прелив
Ориз со пилешко и зеленчук
Бомбици од сирење
Ликер од зелени ореви
Таг:Алис Катерин ЕвансМарија АндрадеХариет Вилијамс Расел Стронг
Претходен напис Спанаќот се сее на места каде што не биле одгледувани сродни видови, како што се блитва и цвекло
Следен напис Основни принципи на заштита во органското производство на зелка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?