Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО)„БАЛЕСКИ ОРГАНИК“: Шест хектари под бадем – работа, иновации и едукација до финален производ за швајцарски пазар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО)„БАЛЕСКИ ОРГАНИК“: Шест хектари под бадем – работа, иновации и едукација до финален производ за швајцарски пазар
АгровестиОрганско производство

(ВИДЕО)„БАЛЕСКИ ОРГАНИК“: Шест хектари под бадем – работа, иновации и едукација до финален производ за швајцарски пазар

Објавено 25/07/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

-Се наоѓаме на плантажата на „Балески органик“ во Валандово. Тука имаме насад од шест хектари со бадем. Сортите се Ферањес и Тексас. Дрвјата се во дванаесеттата година моментално. Тука се применува начинот на режење што го стекнавме со шпанскиот консултант Хуан Пабло Белидо. Ги применивме неговите насоки со тоа што отсековме неколку гранки од дрвото со што му дадовме сила да продложи да расте и да се реновира. Главната работа кај бадемите е тоа што мора да се реновираат дрвјата на секои четири години, односно истата гранка не може да расте повеќе од осум-девет години. Потоа мора да се реновира за да го добиеме полниот потенцијал на дрвото бадем. На овие дрвја може да видиме дека е применета таа техника. Засега се отсечени две гранки, минатата и оваа година, и дрвјата имаат одличен принос по дрво и по хектар – вели за Агротим Кристијан Балески од „Балески органик“ – Валандово.

Кај нас земјоделците имаат знаење да го одгледаат дрвото до некои четири или пет рамени гранки, во зависност од методот што е направен. Потоа не знаат што треба да прават со дрвото. Дрвото доаѓа до деветта-десетта година на род и престанува да дава бидејќи гранките се веќе стари, имаат премногу болести во горните делови и веќе почнуваат да се сушат горните делови каде што треба да биде родот. Шпанецот ни даде една основна техника која тој ја применува. Веќе 120 години неговото семејство одгледува бадеми во Шпанија. Хуан ни даде совет да отсечеме една рамена гранка и со тоа даваме простор да израснат нови гранки коишто се млади и во втората година почнуваат да даваат род. Ако тоа го правиме континуирано и секоја година отсекуваме по една гранка, на дрвото му даваме баланс помеѓу дрвната маса  и родот што ќе го даде – што се директно зависни едно од друго.

Ние направивме практичен пример и две години ги одгледувавме дрвјата на начинот кој ни го објаснуваше консултантот.

На финалниот настан, кога дојдоа и видоа дека сето ова функционира, дека има род и дека можеме да ја затвориме таа практика, сите беа убедени и почнаа да ја практикуваат.

Нам ни е најважно да успеат сите, не само ние како задруга или како наша компанија и наша плантажа, туку сите кои одгледуваат бадеми во Македонија да успеат.

Со проектот покрај консултантскиот дел што го имавме со консултантот од Шпанија, имавме и дел каде што купивме нова машина и развој на нови рецептури. Купивме машина за преработка на бадемите, за правење на путер, која беше со поголем капацитет од тој што го имавме и ангажиравме технолог кој ни помогна да ги развиеме рецептурите што ги имаме сега.

Веќе неколку години имаме ЕУ-сертификат за извоз во Европската Унија. Извезуваме во Австрија, Германија и Швајцарија. Ги исполнуваме барањата на тие клиенти, но ни требаат количини.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Жетвата на пченицата привршува, наскоро состанок со откупувачите и земјоделците за цената и складирањето
„ОРГАНИКО“ – Врвен квалитет со мирис на традиција: Швајцарците го сакаат нашиот ајвар!
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
Најмногу дожд во Претор
Таг:Балескиорганикхектари
Претходен напис „ОРГАНИКО“ – Врвен квалитет со мирис на традиција: Швајцарците го сакаат нашиот ајвар!
Следен напис Серафимовски: Жетвата на пченицата привршува, наскоро состанок со откупувачите и земјоделците за цената и складирањето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?