Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Од оревите заработува 10 000 евра годишно по хектар


Годишно во Србија се произведуваат околу 20.000 тони ореви, но ова не е ниту дел од она што може да се собере ако се засадат повеќе. Сепак, во последниве години, се зголемува интересот на српските земјоделци за одгледување на ова овошје, бидејќи може да генерира висок профит.

Владан Терзиќ од селото Тврдиши има плантажа со ореви повеќе од две децении, а  на неговите плантажи  најраспространети се  домашните сорти.

“Лошото време влијаеше на количината на родот, но на крајот сепак успеавме да се избориме. Оваа година имавме добри приноси и квалитетни плодови што завршија на пазарите”, раскажува Владан за РИНУ, додавајќи дека оревите се лесни за производство.

“Не бара многу инвестиција, лесно е да се одржи. Полесно е да се одгледува  дури и од лешницте, а заработката е приближно иста. Не бара многу работна сила, не му пречи мразот и е отпорен на болести. Едиствено што на заработката мора малку да се причека “, рече Владан.

„Оревите и лешниците стануваат сè повеќе барани, бидејќи нивниот пласман е обезбеден на странските пазари. Во нашите климатски услови, најдобро се покажале  сортите, газенхајм и шампион. Одгледувачите понеогаш се скептични бидејќи  почнуваат да раѓаат дури во третата година и за се заработи потрбно е доста трпение, но оревот дефинитивно може да стане растение на иднината во нашиот регион “, рече директорот на Институтот за овошје од Чачак, Милан Лукиќ.

Експертите велат дека животот на растението е исклучително долг и трае од 50 до 80 години, па залудно не се вели дека оревот е засаден за потомство, затоа што нивните внуци и правнуци можат да живеат добро.

 Извор : Телеграф Бизнис

Дек 2, 2019agrotim2
Искуството на Кате Бандеска од Канатларци: Од тутун оштетен од град до одличен квалитет и 220 денари просечна ценаВо Турција се прошируваат насадите со боровинки - се продаваат за 6,5 евра по килограм

Напишете коментар Откажи одговор

02/12/2019 Предлог бизнисореви, ореови садници, плантажи во ореви566

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019