Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Искуството на Кате Бандеска од Канатларци: Од тутун оштетен од град до одличен квалитет и 220 денари просечна цена


Кате Бандеска е тутунопроизводител од прилепското село Канатларци. Нејзиното семејство традиционално годишно произведува по 1 до 1,5 тони тутун кој го работат, таа, нејзината ќерка и сопругот.

– Jас имам 45 години, во тутун сум родена и до ден денес тоа произведувам. Од кога знам за себе секоја година иста „приказна“, почнуваме со леите со расадот, па го расадуваме, одржување, берба, нижење, редење…се додека не го предадеме во монополот, со тутунот сме ангажирани – раскажува Кате за Агротим.

Од работа вели дека не се жали, тутунот е тежок за работа, но последниве години доста е исплатлив.

-Ние садиме тутун на 6 декари и особено со воведувањето на субвенциите од едно евро за килограм тутот стана наш основен извор за егзистенција. Oткако субвенциите се по класи, уште повисоки, се трудиме да произведеме квалиtет и така да добиеме по 80 денари за прва класа или 70 денари за втора класа. Но мора да следиме новитети во производството и да го осигураме родот – вели Кате.

Колку е важно да се следат новите технологии во земјоделското производство тоа најдобро се потврди годинава кога невреме со град го погоди регионот на Канатларци и уништи големи површини со тутун.

-Градот го зафати и нашиот тутун, големи штети ни направи и бевме многу разочарани, да речам плачевме на нивата. Вечерта на фејсбук споделив фотографии од оштетениот тутун и така дојдов до информации дека постојат средства за прихрана кои можат да го подобрат растот на тутунот односно да ја санираат штетата. Така стапивме во конаткт со фирмата „Биоаграр“ од Ресен која нудеше препарат „Панамин“. Препаратот не беше воопшто скап, го испрскавме во два наврати тутунот и за за брзо време се обнови и потоа беревме како воопшто да не бил оштетен од град – раскажува Кате и додава дека најважно за земјоделците е да прифаќаат новитети, да се едуцираат и секако да го осигураат родот.

-Колку беше правилна одлуката да го истретираме со средство за прихрана и да го спасиме тутунот ни потврди сега откупот. Однесовме во Алијанса 600 килограми квалитетен тутун кој ни помина со просечна цена од 220 денари за килограм. Многу сме задоволни од годинава, назад имаме уште 600 килограми исто така квалитетен тутун – ја завршува својата приказна тутунарката Кате Бандеска од Канатларци.

Дек 2, 2019agrotim1
До нова година поврат на персоналниот данок во земјоделствотоОд оревите заработува 10 000 евра годишно по хектар

Напишете коментар Откажи одговор

02/12/2019 Растително производствоканатларци, класа, просечна цена, семејство, субвенција, тутун7,447

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019