Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Во Турција се прошируваат насадите со боровинки – се продаваат за 6,5 евра по килограм


Боровинките се испорачуваат од Турција во Европа  и бидејќи можат да се берат во текот на целата година, набавната цена е повеќе од добра, 6,50 евра за  килограм! Во втората година, тие имаат принос од три килограми на едно дрво, со максимум пет килограми.

Боровинките во моментов се меѓу најпрофитабилните овошни сорти во Турција. Во тоа можеа да се уверат  новинари од повеќе од 20 земји за време на неодамнешната посета на покраината Анталија, организирана од TGAJ (Турско здружение на земјоделски новинари). Годишно производство е околу 10.000 тони, додека капацитетот на турскиот пазар се проценува на 30.000 тони. Планот е да се зголеми годишното производство на боровинки за 1.000 тони.

Турција ги препозна  боровинките како овошна сорта која  брзо носи профит. Новинарите  ја посетија компанијата Орагро кај Коркутели. Оваа компанија започна со работа во 1960 година и на вкупно 327 хектари сопствено земјиште, одгледува цреши, кајсии, винова лоза, круши и боровинки.

Боровинки берат во текот на целата година

Интересно е што  боровинките  ги засдуваат на три места. Првата парцела е во седиштето на компанијата, на 600 метри надморска височина, другите парцели се наоѓаат во Анталија  на 900 метри надморска височина, а третата е во Азизија, на 1.300 метри за снабдување  со цел  клиентите да се снабдуваат  со боровинки во текот на целата година. Од февруари до мај тие собираат во регионот Анталија, па сè до крајот на август на парцелите во седиштето на компанијата околу Коркутели, а од септември и октомври бербата се одвива во ридовите, во регионот Азизи, па сè до февруари.

Компанијата вработува 50 работници со полно работно време, од возачи до агрономи, а за време на бербата се вработуваат и до 400 сезонски работници. Годишниот обрт е 20 милиони евра, а овошјето се извезува во Кина, Јужна Кореја, Мексико, Италија, Босна и Херцеговина, Романија итн. Само во 2018 година, тие имаа 20 авио-пратки со цреши до Кина.

Одлична цена за извоз во Европа

Што се однесува до боровинките, најголем конкурент на оваа фирма  е Полска. Боровинките се испорачуваат во Европа по боровинките во Полска и бидејќи можат да се берат во текот на целата година, набавната цена е повеќе од добра, 6,50 евра за килограм! Во втората година, тие имаат принос од три килограми на едно дрво, со максимум пет килограми. Боровинките не се засадени  во земјата, туку во ормани, т.е. пластични буриња бидејќи pH вредноста на почвата од 7,58 е неповолна за боровинките.

Приноси за неверување

Според Мехмет Чичек, еден од основачите на компанијата, дури и Американците од кои бил набавен саден материјал (едно растение чини 15 евра) не можат да веруваат дека приносот е три килограми од стебло во втората година. Чичек тврди дека таков висок принос се должи на многу сончеви денови, а иако годишните врнежи од дожд се 600 мм, просечната големина на овошјето од боровинки е 18 милиметри. За снабдување со вода се одговорни  двете големи акумулациони езера, во кои се собира дождовницата за време на зимата и пролетта.

Извор: https://www.agroklub.com/

Дек 2, 2019agrotim2
Од оревите заработува 10 000 евра годишно по хектарСелами: Владата на РСМ наликува на таа на ЕУ во распределбата на средствата за земјоделство

Напишете коментар Откажи одговор

02/12/2019 Магазинборовинки, боровинки во Турција, Турција извезува боровинки во Европа304

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019