Европската комисија соопшти дека новата законска рамка со која се регулира органското земјоделство во Европската Унија стапи на сила на 1 јануари 2022 година.
Овој сектор рапидно расте, а новата регулатива е дизајнирана да обезбеди фер конкуренција за земјоделците, притоа спречувајќи измами и задржувајќи ја довербата на потрошувачите.
Постојат голем број решенија кои ќе помогнат и ќе го олеснат функционирањето на органските производители, но и ќе им дадат сигурност на потрошувачите. Новите правила првенствено се однесуваат на оние во производството, системот за контрола, производителите во трети земји, листата на производи и слично.
Овие правила треба да го поедностават законодавството кога станува збор за производството преку постепено укинување на бројните исклучоци. Она што е важно да се напомене е дека системот за контрола ќе се зајакне благодарение на построгите мерки на претпазливост и проверки долж целиот синџир на снабдување. Новина е што ќе се заостри односот кон производителите од трети земји, кои ќе мора да се придржуваат до истите правила како и органските производители во ЕУ. Исто така, списокот на производи (сол, плута, пчелин восок, листови од винова лоза, палмини срца) е проширен и ќе има дополнителни правила за производство (на пр. елени, зајаци и живина).
Понатаму, за малите земјоделци, сертификацијата ќе биде полесна благодарение на новиот систем за групно означување. Исто така, ќе се примени поунифициран пристап за намалување на ризикот од случајна контаминација со пестициди.
Што носи акцискиот план?
Уште во март 2021 година, Комисијата започна еколошки акционен план за ЕУ, кој предвидува постигнување на целта на Европскиот зелен договор од 25 проценти од земјоделското земјиште под органско земјоделство до 2030 година. Планот се состои од 23 акции поделени во три дела. Првиот има за цел да ја стимулира побарувачката и да обезбеди доверба кај потрошувачите, вториот да стимулира конверзија, а последниот има за цел да го подобри придонесот за одржливост на животната средина.
Затоа, Комисијата дополнително ќе го подобри придонесот на секторот за животна средина за одржливоста и еколошките предизвици преку активности насочени кон намалување на климата и еколошкиот отпечаток, зголемување на генетскиот биодиверзитет и зголемување на приносите, развивање алтернативи за спорните инпути и други средства за заштита на растенијата, подобрување на благосостојбата на животните и поефикасно користење на ресурсите.
Новата регулатива првично требаше да стапи на сила на 1 јануари 2021 година, но поради пандемијата беше договорено одложување до 1 јануари 2022 година.
