2022 година ќе биде поспецијална за многумина, бидејќи на своите ѕидови ќе имаат закачен календар со млади фармери чии голи тела се вешто прикриени, информира The Scottish Farmer.
Создаден од Mари Томпсон од Lockstock Photography, календарот вклучува 12 фотографии со различни земјоделски теми. На нив се прикажани млади луѓе кои се голи, но дискретно замаскирани за да си го зачуваат достоинството и сепак календарот да изгледа пристојно. За таа цел се користеле вреќи со сточна храна, кофи, седла, пушки и др.




Голем дел од приходите ќе бидат донирани во добротворни цели. Календарот се продава по цена од 12 фунти, а може да се нарача на следниов линк: Young Farmers Charity Naked Calendar
