Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Заедно со земјоделците и најголемиот откупувач на сончоглед – „Кристал 1923“ се подготвуваме за новата реколта на сончоглед
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Заедно со земјоделците и најголемиот откупувач на сончоглед – „Кристал 1923“ се подготвуваме за новата реколта на сончоглед
АгровестиДоговорно Производство

Николовски: Заедно со земјоделците и најголемиот откупувач на сончоглед – „Кристал 1923“ се подготвуваме за новата реколта на сончоглед

Последна измена: 13/11/2024 12:17
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Во пресрет на почетокот на новата сезона, непосредно пред сеидбата на новата реколта сончоглед, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посети фабриката за прехранбена индустрија „Кристал 1923“ од Велес и оствари средба со менаџерскиот тим и група земјоделци – производители на сончоглед.

Минатата година одговорно и навремено презедовме мерки за поддршка на домашното производство. Поттикнувајќи го договорното производство успеавме повеќе од двојно да го зголемиме производствто на сончоглед. Во 2022 година ја сончогледот достигна досега највисока откупна цена од 35 денари по килограм, што е за скоро 60% поголема од откупната цена во 2021 година кога изнесувала 22 денари по килограм.

„Успех бележиме и кај откупенот сончоглед со околу 13.000 тони во 2022 година на ожнеана површина од 8.000 хекатри, што е за 7.900 тони повеќе од 2021 година, кога биле откупени 5.100 тони сончоглед. Податоците на Платежната Агенција исто бележат успешни бројки, каде за директните плаќања имаме 1.386 пријавени корисници за 2022 година, додека во 2021 година тој број бил 967 корисници. За повеќе од 106% се зголемени и пријавените површини со сончоглед каде за 2022 имаме пријавени 5.484 хектари, а во 2021 година бројката била 2.653 хектари. Дека го постигнавме очекуваниот ефект кај сончогледот говорат и бројките за намаленот увоз на сончоглед во 2022 со само 1000 тони, споредбено со 4000 тони во 2021 година. Вкупно во 2022 година извезени се 131 тон сончоглед што потврдува дека успеавме во целта и целото домашно прозодство на сончголед го задржавме во домашните капацитети“ изјави министерот Николовски.

Поддршка за производителите на житни култури обезбедивме и преку Интервентната прогрма со поддршка од 2.500 денари по хектар при набавка на вештачко ѓубриво за сончоглед. Токму овие успешни резултати кои ги постигнавме беа нашиот мотив да ја започнеме најголемата земјоделска реформа преку новиот модел за субвенционирање. Сончогледот е една од културите која се вбројува во листата на значајни култури за која е обезбедена дополнителна поддршка. Со новиот модел сите земјоделци производители на сончоглед добиваат основна директна субвенција од 6.000 денари по хектар и дополнителна субвеницја по принос од 6.000 денари. За оние производители кои користат и сертифициран семенски материјал обезбедена е поддршка од 4.500 денари.

Со цел оваа година да имаме уште подобри резултати, министерот Николовски пред производителите на сончоглед денеска го презентираше новиот модел на субвенционирање и новите мерки кои ги ставаме на располагање за поддршка на земјоделците.

Може да ви се допадне

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
Таг:Велескристал 1923
Претходен напис Пенов: Заедно со ЕУ прекугранично ќе ја подобруваме пожарната заштита во Северна Македонија и Албанија
Следен напис Во тек е сеење на зелка – обезбедете доволно влага и активирајте го семето пред сеидбата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?