Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во тек е сеење на зелка – обезбедете доволно влага и активирајте го семето пред сеидбата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Во тек е сеење на зелка – обезбедете доволно влага и активирајте го семето пред сеидбата
Совети

Во тек е сеење на зелка – обезбедете доволно влага и активирајте го семето пред сеидбата

Објавено 08/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зелката е градинарско растение кое се одгледува полесно во споредба со пиперките или доматите. Издржува пониски температури, но потребно е да се избере сончев терен.

Најчесто производителите без многу искуство го сеат расадот на помала површина, а потоа го пресадуваат расадот на постојаното место. Во зависност од сортата, зелката се сее во неколку термини:

-Кон крајот на февруари и почетокот на март;
-Во април и мај;
-Во јули и август.

Кога се сее на крајот февруари и почетокот на март, зелката се бере во текот на летото. За континуирана берба, кога сеидбата се врши истовремено, ќе бидат доволни три сорти со различна должина на вегетација. И семето од иста рана сорта може да се сее во интервали, односно на секои пет до десет дена. Ова ќе обезбеди сукцесивна берба, но ќе имаме повеќе работа. Засадувањето на постојаното место се врши на секои 10 дена. Младите растенија во текот на овој период ќе достигнат големина за пресадување.

Семето треба да биде квалитетно и подобро е да биде покрупно. Пред сеидбата се дезинфицира и се потопува за да се активира и да се забрза ртењето. Постојат различни начини за активирање. Најлесно е да го потопите во топла вода 15 до 20 минути. Температурата на водата не смее да надмине 50°C.
По потопувањето во топла, накратко се потопува во ладна вода за да се олади. Потоа се суши, па се сее.

Друг начин е да го оставите преку ноќ потопено во млак чај од камилица. Температурата на чајот треба да биде околу 20°С. Потоа се вади и се суши за полесно да се сее.

Пред да се пристапи кон оваа агротехничка операција, почвата треба да биде добро подготвена бидејќи семето е ситно и му одговара длабочина од еден сантиметар. Површинскиот слој на почвата треба да се иситни и да се израмни и да се направат плитки канали во кои се става семето, кои треба да бидат оддалечени околу 10 см едни од други.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:zelkaзелка
Претходен напис Николовски: Заедно со земјоделците и најголемиот откупувач на сончоглед – „Кристал 1923“ се подготвуваме за новата реколта на сончоглед
Следен напис Времето денеска облачно и релативно топло со сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?