Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски ја посети „Био Оил“, единствената компанија во регионот која произведува високо квалитетно ладно цедено масло од афион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Николовски ја посети „Био Оил“, единствената компанија во регионот која произведува високо квалитетно ладно цедено масло од афион
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Николовски ја посети „Био Оил“, единствената компанија во регионот која произведува високо квалитетно ладно цедено масло од афион

Објавено 17/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот Љупчо Николовски ја посети компанијата „Био Оил“, која е единствена во регионот која произведува високо квалитетно ладно цедено масло од афион. При посетата Николовски потенцираше дека со новиот модел за субвенционирање, афионот, заедно со сончогледот и маслодајната репка како наши стратешки култури, ќе добиваат дополнителни субвенции и поддршка за зелена нафта, за три пати повеќе во однос на досегашната.

„Денеска сум во посета на компанијата Био Оил Екслузивни масла за јадење / Bio Oil Exclusive edible oils која е синоним за успех и младешки ентузијазам.

Александар и Кристијан се моите домаќини, млади луѓе полни со идеи и голема визија за македонското земјоделство и домашното производство. Нивната предност е во тоа што се уникатна, и единствена компанија во регионот која произведува високо квалитетно ладно цедено масло од афион.

Дека се визионери потврда е тоа што на нивна иницијатива, формирана е Алијанса во која членуваат 14 мали компании и сите заедно се борат за подобра продажба на нивните брендови, кои ги произведуваат од откупени домашни земјоделски производи.

Со новиот модел за субвенционирање, афионот, заедно со сончогледот и маслодајната репка како наши стратешки култури, ќе добиваат дополнителни субвенции и поддршка за зелена нафта, за три пати повеќе во однос на досегашната.

Ова нека биде „лајт мотив“ за сите земјоделци кои порано одгледувале афион, да се мотивираат и заедно да ја вратиме оваа култура на македонските полиња.“, рече Николовски.

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
Авганистан го забрани одгледувањето на афион
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Таг:афионБио оил
Претходен напис Зимска калцификација за подобри приноси во лето
Следен напис „Кемет електроникс“ отвори втора фабрика во ТИРЗ Скопје 1 , нови 360 работни места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?